jeans
Лице в лице - сега е достапно онлајн Kupi Lice v lice - sega e dostapno onlajn
Купи Лице в лице - сега е достапно онлајн
Потребно време за читање: 2 минути

Портокаловиот конец, кој традиционално се користи при прошивање на Levi-совиот син џинс, првобитно е избран за да се совпаѓа со бојата на бакарните декоративни нитни кои се користат за да се зголеми трајноста на самиот џинс.

Меѓутоа, самиот Levi Strauss веројатно не би користел портокалов конец, ниту би го спарувал со бојата на заковниците-нитните, а ниту би имал ваков единствен штеп на задните џебови на пантолоните-ако не бил еден човек!

Jacob Davis, руски имигрант и кројач кој работел во Рен (Невада, САД), дошол на нова идеја на заковување и тоа била идеја која подоцна ќе има големо влијание врз развојот на џинсот и текстилната индустрија воопшто. Поради финансиски ограничувања, Jacob не можел да се избори за заштита на својот изум, ниту за производство на нови текстилни лини на производот.

Од обична потреба, тој му понудил на својот велетрговец и добавувач Denimа да му ги продаде правата за продажба на неговиот закован џинс низ западниот брег на САД во замена за работа во неговата фирма, како и 68-те долари кои биле потребни за пријавување на патентот. Добавувачот Denimа не бил никој друг, туку Levi Strauss.

Levi во својата компанија го вработил Jacob во 1873-та година и во текот на закупот на линијата овој осигурал портокаловиот конец да се користи во прошивувањето на џинсот како и штеповите на задните џебови да имаат форма на крива каква што и денес наоѓаме на џинс пантолоните.

Во тоа време модерниот, уникатен штеп на задните џебови имал и своја намена. Задните џебови на првите пантолони биле поставени со памук, па портокаловиот штеп спречувал поставата да се деформира односно овозможувал да остане затегната. Компанијата ја исфрлила памучната постава уште во раниот период на своето работење, но штеповите се задржале и се регистрирани како заштитен знак во 1942-ра година.

Само еднаш во историјата на џинсот се чинело дека штеповите ќе бидат отстранети од задните џебови. Материјалниот недостиг во текот на Втората светска војна го натерала Levi да придонесе за војната со тоа што привремено ќе престане да го произведува тој прошиен џинс, со оглед дека тоа тогаш се сметало за несериозно растурање на конец. За да го спречи прекинот на континуирана традиција, компанијата дизајнирала со рака бојосани криви на џебовите на секој пар на пантолони кои тогаш го произвела.

Сѐ до денес бакарните нитни и сликовитите штепови со соодветна нијанса го красат џинсот на Levi Strauss.

Легендата за него и натаму живее, додека името на Jacob Davis се изгубило некаде во историските анали.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here