Најсмешна туристичка поплака Najsmesna turisticka poplaka
Лице в лице - сега е достапно онлајн Kupi Lice v lice - sega e dostapno onlajn
Купи Лице в лице - сега е достапно онлајн
Потребно време за читање: 4 минути

Станува збор за едно писмо кое незадоволен патник му го испратил на Сер Ричард Брансон, сопственикот на авионската компанија Virgin. Стана хит на Интернет:

Драг Господине Брансон,

Се однесува на летот Мумбај- Хитроу, на 7. декември 2008.

Го обожувам брендот Virgin, навистина и токму поради тоа продолжувам да го користам и покрај серијата несреќни настани во последните неколку години.

Последниот инцидент е поврзан со едно колаче. Иронично, до крајот на летот радо би платил повеќе илјади рупии за еден бисквит поради тоа што бев изложен на пеколно кулинарско патување кое го приреди твојата компанија.

Погледни го ова, Ричард. Само погледни го: Замислувам дека и твојот брилјантен ум го измачуваат исти прашања, какви што и мене ми се мотаа низ главата на тој судбоносен ден. Што е тоа? Зошто ми го дадоа тоа? Што сум направил да го заслужам ова? Што е од ова предјадење, а што десерт?

Никој не може да добие толку висока позиција каква што е твојата, Ричард, ако нема богата моќ на забележување, па ЗНАМ дека си го забележал доматот покрај две жолти парчиња патишпањ на левата страна. Да, тој е покрај патишпањот. Тоа мора да е некој знак.

Ниеден нормален човек не би послужил десерт со домат, зарем не? Па добро, Ричард, одговори ми, какво животно би послужило десерт со грашок? Знам дека изгледа како пилав, но тоа е десерт, Ричард, десерт. Тоа мора да е десерт. Па, ќе бидеш одушевен кога ќе слушнеш дека тоа не беше десерт. Тоа беше кисело желе прелиено со обично масло.

Неговата единствена преостаната карактеристика беше тоа што е толку поинаков од сѐ послужено, што сосема преовлада вкусот на кари кој се ширеше од непрепознатливата централна коцка сочинета од некоја беж материја. Можеби оброкот од левата страна е сепак десерт?

Во секој случај, тоа веќе не е битно. Моите родители ме воспитувале строго, но секако и кога би дознале дека сум изел десерт пред главното јадење, патишпањот би ми бил најмала грижа. Затоа, ајде да ѕирнеме под фолијата што го крие главното јадење и да видиме што ни се нуди!

Ќе се обидам да објаснам како се чувствував. Замисли дека си 12-годишно момче, Ричард. Сега замисли дека е Божиќно утро и седиш и чекаш да го отвориш последниот подарок. Голем е и не знаеш што има внатре. Можеби е вокмен што си го избрал од каталогот и си му пишал на Дедо Мраз да ти го испрати? Меѓутоа, го отвораш подарокот и тое не е она што го затекнуваш. Тоа е твојот мрзливец (вид глушец, заб. м.), Ричад. Тоа е твојот мрзливец во кутија и тој дише. Така јас се чувствував кога ја извадив фолијата и го здогледав ова. Знам што мислиш. Мислиш дека е тоа пак оној десерт од пилав. Морам да признам дека и јас го помислив тоа, но не. Тоа е сенф, Ричард, СЕНФ. Повеќе сенф одошто би можел и еден човек да изеде за месец дена.

На левата страна имаме парче брокула и некои пиперчиња во костенливо, лепливо масло, а од десната главниот готвач подготвил малку компир-пире. Очигледно гмечкалката за компир се расипала, па решил дека е најдобро компирот да го обработи дигестивниот тракт на некоја птица. Кога е конечно исповраќан, очигледно е сомелен и измешан со малку сенф. Сите сакаат малку сенф, Ричард.

Сега веќе почнав да се чувствувам како хипогликемичар. Ми треба шеќер. За среќа, обезбеден ми е еден мал кекс. И порано го забележав поради неговата необична презентација. Дејствува како да е во кеса за собирање на примероци од местото на злосторството. ЗЛОСТОРСТВО ПРОТИВ ПРОКЛЕТО ГОТВЕЊЕ. Или е тоа, или е некој вид на кекс од подземјето во сопственост на манијак со пиштол. Секако не сакаш да бидеш фатен на царина додека носиш еден таков. Замисли да гризеш парче месинг, Ричард. Тоа би било меко под забите, во однос на горе спомнатиот примерок. Бев исрцпен. Се што сакав беше да се опуштам, но очигледно морав да седам со сиот тој неред пред мене, цел половина час.

Се колнам дека патишпањот во еден момент се помести.

Потоа одлучив да се опуштам малку гледајќи ја вашата светски позната програма. Се извинувам поради квалитетот на фотографијата, беше мошне тешко да се фати лицето на Борис Џонсон низ треперењето на белата линија на екранот. Можеби има нешто подобро на друг канал? Дали е тоа Реј Лиота? Тоа прашање одново и одново си го поставував мачен половина час колку што се обидував да гледам филм.

Потоа ја изгаснав програмата. Ми беше доста од се. Во тој момент бев најгладниот откако сум пораснал и имав главоболка од зјапање во треперливиот екран. Единствената алтернатива беше просто да зјапам во седиштето пред себе и да чекам уште храна или да ме фати сон. Ниту едното, ниту другото не се појави неверојатно долго.

Но кога најпосле се појави, ги изненади и моите најлуди очекувања. Да! Тоа е уште еден кекс од местото на злосторството. Само овој пат послужен со некоја бела течност. Ричард…Што е белата течност? Изгледаше како да е јогурт. Конечно ми светна што би можело да биде. Тоа беше мешавина од десерт од пилав и сос од сенф.

Ме потсети на мојата прва недела од студирањето. Заборавив дека пијалок може да се направи со просто мешање на вотка и сок. Ги лажев своите нови пријатели и им реков дека тоа сум го правел многу пати. Кога се обидов да направам коктел во една голема чинија, пијалокот се претвори во сирење, Ричард. Во сирење. Тоа сирење изгледаше баш како твојот пилав- сенф. Значи, тоа беше тоа, Ричард. Не јадев проклето ништо.

Моето единствено прашање е: Како можеш да живееш вака? Јас не можам да замислам каква е вечерата во твојата куќа, но верувам дека е нешто како документарците за дивината. Како што реков на почетокот, го сакам вашиот бренд, навистина го сакам. Само е срамота толку едноставна работа да може да го фрли на колена и во позиција да проси за корка леб.

Искрено Ваш. Хххх

Пол Чарлс, директор на Корпоративните комуникации на Virgin, потврди дека Сер Ричард Брансон му телефонирал на авторот на писмото и му се заблагодарил на „конструктивниот и директен“ мејл.

Чарлс рекол дека на компанијата Virgin и е жал поради тоа што на патникот не му се допаднале јадењата кои, според неговите зборови, добиле награда и се мошне популарни на сите индиски линии.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here