Потребно време за читање: 2 минути

16. Од валканото предизборие

Предизборна партиска трибина. Станува од столчето партискиот војник Спасе Шупелковски и со повишен глас им се обраќа на малкуте присутни:

-Бре луѓе, што е ова? Предизборна кампања? Ма не ќе е! Не личи, а и не им личи на овие што направија, прават и којзнае што уште ќе направат. Страв да не е? Од што? Па, од пораз и последици. Чиј пораз, за кого последици?…Јасно ми е, ама…не ми е!

Демек, му се јавиле на другар ми по телефон, лажно му се претставиле дека се од неговите и ја проверуваат неговата извршена партиска задача. Тој мислел дека не е лажно, кој би бил толку храбар толку да лаже, да злоупотребува партиска служба, толку дрско и безобразно да му ја загрозува приватноста, па потврдил дека како партиец задачата си ја завршил навреме и прецизно, сè како што се барало. Го прашав:

-Ами нели знаеш дека не може така? Нели гласањето е тајно и слободно? Како тоа обезбедување однапред, па уште и со закана?!

Прочитај и за ... >>  ШИЛО И ОСИЛО, Книга VIII: Скечуално, хумористично-сатирични скечеви

Тој:

-Што ти е тебе? Какво обезбедување? Каква закана? Тоа е само колку да сме организирани, да се изброиме и да си знаеме колку сме токму…Што тајно? Зарем да не сме сигурни во нашите? Ајде, те молам, зарем не гледаш дека е уште една опозициска медиумска валканица? Сигурно не и последна.

Јас:

-Прав си. Тешко на онаа партија која не им верува на своите членови, а и обратно. Нема потреба од обезбедување. Како да се обезбеди? Која би била гаранцијата дека некој од обезбедените нема да се премисли на самото гласачко место? Како да се провери дека гласал договорено?…Ама сепак, слушавме телефонски потврди…

Тоj:

-Може тие да се проверат? Како? Повторно да ни се јават неутрални, онака по список?… Кога слушнав и видов кој ми се јавил, само нека проба уште еднаш! И не само јас, туку да знаеш дека сите што се слушнавме ќе ги тужиме за загрозување на приватноста со лажно претставување. А и партијата…

Прочитај и за ... >>  ШИЛО И ОСИЛО, Книга VIII: Скечуално, хумористично-сатирични скечеви

Јас:

-Нема што, валканица е. Ама да знаеш, ќе има негативен ефект за твојата партија на изборите.

Тој:

-Знам, ама ќе вратиме. Не исто се разбира, сосема различно…А и новинарите ќе го кркаат. Што мислат? Тие ми биле борци за демократија, слобода, независност!…Им фали влакно по толку валканици, лаги, манипулации? Ги запрел некој, им наредил да престанат да лаат?…А мислиш дека исти и слични предизборни партиски задачи немаат членовите на сите други партии? Дека ништо не работат на терен? Што не чепнат кај својот и кај тие со нивниот? Треба ние да им дадеме сè по список?

Јас:

-Е, тоа ти е наместо. Членство во партија си носи обврски спрема партијата, особено во предизборие и на денот на избори. Обврски и меѓусебни интереси…И вработување, се разбира…Нема љубов спрема партија, има спрема идеологија…А идеологиите на нашиве партии…

Тој:

-Знаеш што? Од новинарката што мавта со рацете кога муабети со гости во студио ко да ќе ги испотепа го чув најискреното: „Што ќе правиме ако победат?“. Тоа е тоа, другарче. Затоа е сè ова. Жив страв ги јаде. Не оти не знаат што ги чека, туку поради правењето како начекани.

Прочитај и за ... >>  ШИЛО И ОСИЛО, Книга VIII: Скечуално, хумористично-сатирични скечеви

Не му реков, само си подреков:

„Ако гласам за неговите, како ќе знаат за после да ме вработат? Да си се снимам со мобилен? А ако не ми го признаат снименото, ако ми го отфрлат како монтирано? Како ќе им докажам дека не е?“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here