Потребно време за читање: < 1 минута

44. Земја

Оваа земја пред мене
распространета,
со мисла, со зрак,
сонцева,
сосе грутки однесени
во срца сегде и негде,
во глас и тажаленка,
никогаш не била,
ниту може да биде
сушна;
затоа што има
скришни извори
кои ја напојуваат,
кои ѝ ја гаснат жедта,
кои ги спокојат
нејзините дамари.

Ова е земја за сите
со мене и со нас
за да се раѓаат знајно,
за да се извишуваат
согледливо,
незаборавно,
за да ја сплотуваат
со нејзината синевина;

за да живеат достојно,
за да умираат
како сами ќе решат,
за да се вкоренуваат,
за да векуваат.