Потребно време за читање: 2 минути

580. Надевање на глупави

Дека не ме есапат за жив, се надеваат дека скоро ќе умрам.

581. Тешко тебе

Де не си му ни во кожата, а камо ли во срцето на напатен голем човек.

582. Од омраза

Будалска власт на сосед што мрази сосед.

583. Немој залудно

Не ти вреди ни најмал обид да всадиш малу ум во глави со помрачени умови.

584. Кој знае

Прашајте македонски пратенички идиот дали нема да гласа за уставни измени, со кои ќе почне последната фаза на идентитетскиот геноцид на македонскиот народ, за четири-пет милиони евра во неговиот преполн џеб или поради смртна закана.

585. Завршен геноцид

Збришан е македонскиот народ! Во Северџганијава живеат „Албанци и православни“!

586. Единствен спас

„Случување“ на народ очаен, напатен, испокраден и беден.

587. Злосторство

Идентитетскиот геноцид врз Македонците е врвно современо злосторство извршено од „стратешки партнери“!

588. Заложба

Не им барај. Натерај ги или со стапови избркај ги!

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, афоризми, 808-840

589. За пари

Ја прашувам власта:
-Зошто мораш?
Таа:
-За пари.

590. Неизлечива будала

Ти си неизлечива будала штом без никаква лична полза поддржуваш мафијашка власт.

591. Ука за умислено лидерче

Лидерот не носи храбри, туку мудри одлуки!

592. Злосторство

Збришан сум, а сум уште жив!

593. Јасно и гласно

Не сум против ЕУ, туку против баграта фашистичка во неа. Која нѐ уништува како исконски македонски народ во исконска Македонија.

594. Вистина ви велам

Може да нема влез, ама излез од каде било има секогаш.

595. Матната

Влезе матна во бистра вода и ѝ го секна животниот извор.

596. Страна

На која страна е оној што не зазема страна? Мојот одговор е на своја.

597. Поезијата

Поезијата е од и за чиста душа. Како појот на птица во лет.

598. Во ниедно време

Будност во ниедно време за будење по него.

599. Болка

Болката на телото не може да ја надвие болката на душата.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, афоризми, 646-694

600. На крстопат

Кој мој пат води до тебе?

601. Голем пред мал

Излегол пред човек голем човек, а тој не се ни обидел да дознае кој е.

602. Големџија

Секој големџија има кренат нос, но не гледа од носот подалеку.

603. Лица

Меѓу валкани лица маскирани чисти.

604. Не држава на народ

Не бидува држава на народ со партиски властољубиви идиоти на власт.

605. Со достојание

Мал голем меѓу големи, а мали.

606. Курназ

Лесно му е на еден курназ меѓу многу лиживагани.

607. Давањето

Стварно не знам зошто сосем се давам себеси на создавање дела. А зошто да знам?!

608. Ненародна партија

Партија на власт што ја предводат слуги, лигуши, платеници, мафијаши и предавници е ненародна. Срам голем е за секој што членува во неа или е нејзин приврзаник.

609. Предупредување

Лошо ви се пишува! Дебело ќе го кркате!

610. Се подготвува

Зовриено е, прекипува. И на „стратешкиот партнер“ веќе сте му преку глава!

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 841-867

611. Кукавичлак

Да молчиш и да се правиш недоветен во трагични моменти за народот и државата е кукавичлак.

612. Дури има време

Ослободете се од јаремот на предавството на народот дури народот уште ви дава време.

613. Од љубов

На изглед здрав и прав, а боледува од љубов.

614. Нормално

Што друго со билмези и мафијаши на власт, освен народ меѓу најнесреќните  на светот?!