Потребно време за читање: 2 минути

868. Со кого

Не можеш да знаеш сè, но е добро секогаш да си со оние што знаат многу.

869. Заедно

Уката и поуката секогаш и секаде заедно.

870. Чекори

Со големи и стамени чекори до големи цели.

871. Будност

Треба да се биде буден, особено меѓу сон и јаве.

872. Од читач

Прочитај пред да почнеш да читаш.

873. Прав натпревар

Се натпреварувате рамноправно со посилни, рамносилни и послаби соперници.

874. Чесен и искрен

Се сретнале чесен и искрен на животен полпат, па продолжиле заедно кон изгрејсонце.

875. Незаборавна

Негова незаборавна љубов прва и последна.

876. Прилагоден

Живееш прилагоден во грда и груба стварност.

877. Предолги

Деноноќијата се предолги во грижи, мачнини и немоќ.

878. Уште се случува

Сè поретко се случува долго да си на нозе.

879. Предадени

Им дозволивте на домашни предавници да ве предадат на туѓински силници.

880. Пред крај

Со премалена снага пред последно животно скалило.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 126-136

881. Упорит

Сè почесто ми иде да кренам раце од сè, ама уште не кревам.

882. Жалба

Никако не може да си прости што те остави сама на ветромет.

883. Отпор

Гневот раѓа и расте отпор.

884. Трагичен крај

Кој последен плаче, мамето ќе му се расплаче.

885. Мафија на власт

Натурена мафијашка власт за предавства и велепредавство.

886. Најголеми

Нема поголеми давајгазовци од политичките лигуши и измеќари.

887. До смрт заглибени

Ни стратешкиот партнер не им помага на заглибени во негова кал.

888. Предуслов

За да ги пушти низ вода стратешкиот партнер, тие мора уште да ја матат за него.

889. Формула

Постои равенство меѓу лажењето и самозалажувањето. Заблудата им е заеднички именител.

890. Најпосле сеедно

Не се надева на ништо човек кому му е сеедно.

891. Нема да најдеш

Не барај личности меѓу марионети. Немало и нема, ниту може да има.

892. Голем и тежок

Стана голем и тежок уморот од собитијата и рамнодушноста. Поголем и потежок од годините.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 218-245

893. Две љубови

Жива љубов за живот, мртва за заборав.

894. Задоцнето признание

Ниту се родил, ниту ќе се роди таков како него мртов.