Потребно време за читање: 2 минути

742. Луѓе

Со луѓе, за луѓе, пред луѓе-секогаш со збор, мисла и дело.

743. Од себе во себе јас

Колку јас подалеку од себе, толку поблиску јас во себе.

744. Без значење

Ниту бројам, ниту мерам колку, до кога и кон каде. Во години сум на доволен живот.

745. Јавно

Јавно најпрвин значи одговорно.

746. Со добродушен

Со добродушен можеш полесно, побрзо и поспокојно отколку со кој било друг.

747. Ме читаш

Знам дека ме читаш, но не знам зошто скрито. Ама нека е не без затоа.

748. Богат

И јас мислам дека сум богат, може најбогат на светот. Со моето создадено дело.

749. Лична

Лична си ми како докажана личност.

750. Живи

Живи со живи и со мртви со кои сме биле живи.

751. Слободата

Нема слобода за сите без лична слобода. Од неа најпрвин слободоумноста.

752. Со вас

Од мене за со вас, луѓе надежни.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 196-217

753. Последен

Сам во пустелија пред последен издив.

754. Исчезнат

Никогаш како да не сум бил никогаш. Како секој друг, и јас некогаш.

755. Виден

Виден е виден и безмерно далечен.

756. Порака

Во љубов, луѓе мои, во љубов.

757. И по смрт

За жив срам и по смрт имање со лажење и мамење.

758. Лицемери на власт

Владеат со народ, а знаат дека народот не сака ни лица да им види.

759. По вистината и пред лагата

Казната по вистината стигнува, а пред лагата итрината и безобѕирноста.

760. Дела

Со добри дела за секое добро и во добра мисла.

761. Божји дар

Големо срце и блага душа во човек.

762. Жал за љубов

Штом во заборав, ни во сон.

763. Пример

Некои нешта се лесно возможни. На пример, пристојна живеачка до смрт и по неа.

764. Само

Ни да ти се доближам ни да те стасам, почитуван творецу. Само се трудам со дело да сум свој.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 246-273

765. Не ни живурка

Нечесен меѓу чесни не може ни да живурка.

766. Моето дело

Живо дело во љубов и живот. Сè друго дребнаво.

767. Без трага

Тој без трага оти не беше за друго време.

768. Што знае

Тој само знае дека нешто од него создадено ќе трае некое време откако ќе замине во бескрајот.

769. Самосвест

-Знаеш што значи да создадеш стотина мислечки и книжевни дела?
-Знам дека во Северџганска калакурница тоа не значи ништо.

770. Валкан

По мали ќе направиш голема валканица, па се сокриваш во замолк дури не се заборави и до следна.

771. Не од мака

Повторувам за мене од мака? Ма не! Од што знам дека до смрт вака.

772. Малу

Малу за мене што не е од мене.

773. Нежив

Секаде сум за блиски, никаде не сум за далечни.

774. Лично

Од тебе лично зависи дали сум уште жив!

775. Аманет

Аманет на незаслужен голем творец и мислител:
Сѐ од мене на Интернет е оставина која по некое време треба да се избрише.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, афоризми, 868-894

776. Совреме

Човек треба совреме да си каже „Доста беше од мене!“ и да се повлече во својот личен свет.

777. Недостижна љубов

Толку се оддалечи од мене, што ми стана недостижна.

778. Многу лесно

Ако решиш да те нема што си, ќе те нема. Може дури мигновено. И да бидеш друг.

779. Никаде ако

-Па каде си ти, човеку?
-За тебе никаде, ако не ни помислуваш на мене.

780. Не ти вреди

Ги соголуваш до гола кожа, ама не ти вреди кога силници стојат зад нив зашто им слугуваат.

781. Што може

Дали може сè сосила? Не сè, но секако намисленото на „стратешките партнери“.