Потребно време за читање: 3 минути

930. Вртикапа

Од вртикапа слугинско политикантство. Ништо друго.

931. Со ветрогони

Нема ни денес ни утре за држава и народ со ветрогони на власт.

932. Во место

Нема ни назад ни напред пред ѕид геостратешки.

933. Жалосен

Моето битисување завршува, а вашето никако да почне.

934. Непожелен

Безнадежен замешан во луѓе со последна надеж.

935. Насекиран

Човек од вчера се секира за денес и не мисли на утре.

936. Мигум

Мигум во самотија помислувам на тебе и се прашувам дали уште си.

937. Срамота

Силни стрвници му се закануваат на мал и достоинствен исконски народ кого решиле да го разнебитат. Згора на сè, уште и негови „стратешки партнери“!

938. Навалица

Секакви злости од изродници, сестрано помагани од докажани уништувачи на човечки цивилизации.

939. Смрт пред живот

Колку полесна смрт, толку поневреден живот.

940. Светови

Голем свет во човек, мал свет без човек.

941. Можам

Можам јас секогаш меѓу стварност и заумност.

942. Невреме

Владетели мафијаши истураат невреме врз исконски, достоинствен и стамен народ.

943. Народни непријатели

Изроди непријателски со заробени умови сотираат исконски народ во земја исконска.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 895-929

944. Мафијаши

Во држава на мафија само личен интерес. Секој колективен сложен и скоро неостварлив.

945. Творечкиот дух

Тој е секогаш со оние и меѓу оние што најмалку зависат од времето на личниот живот.

946. Он обичен

Живее како да не живее, во луѓе е а не е, во тишина е громогласен.

947. Зошто?!

Допрва ќе се проучува моето дело? А зошто кога е сега како да не постои?!

948. Весел

Ме весели тоа што моето деноноќно творење некои сметаат дека е доказ на „виталност на старост“.

949. Засекогаш

Ништо за тебе од мене и во врска со мене. Како досега, така отсега.

950. Товар

На човек во години годините му се тежок товар оти снага му премалиле. Лесен му е дури е на нозе.

951. При ум

Не мисли, не одлучувај и не дејствувај ако не си при ум. Почекај да ти дојде. Белки ќе ти дојде.

952. Прашања и одговори

Бараш одговори на прашања од оние што не одговараат!?

953. Без врска

Кој нема врска, нема врска.

954. Со мене без тебе

Штом не си со мене, ништо нема од мене.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, афоризми, 808-840

955. Ненормални и нормални

Што бараат ненормални меѓу нормални и на чело на нормални и ненормални?!

956. Решени

Голи и боси се решени макар гладни и жедни да ги понесе матна вода.

957. Пуста живеачка

Во пустелија бесцелно преживување до смрт.

958. Што подалеку

Тапоумни политиканти и политички измеќари што подалеку од умни, зналци и опитни.

959. Тапоумен

Тој не мисли со своја глава зашто е обезумен од своеглави.

960. Нерви

Меѓу дебели и истанчени нерви не опстануваат изгубени.

961. Оган

Разгоруваат оган што ќе пеплоса сè живо и диво сосе нив.

962. Не вреди

Залуден е секој обид да им се докажува што било на политикантски и политички идиоти на власт.

963. Сценарио

Лицемерно, пакосно и подло сценарио на стратешки партнер за земја и народ кои мораат да бидат уништени. Затоа што се пречка за остварување на негова геостратешка цел.

964. До единствена вистина

Со аргументи и факти, а не со политика до чиста и непореклива вистина.

965. За натпревар

И со послаб и со појак натпревар во секое време, а не борба на нерамноправни во невреме.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 294-322

966. Мафии

Велепредавничка мафија на власт во мафијашка држава, со мафијашко владеење во интерес на туѓинска мафија.

967. Никогаш во љубов

Јас и ти на наспоредни патишта со свои крстопати.

968. Не ќе е

Не ќе е само да си неарен во умот штом се резилиш толку често и во каква било ситуација.

969. Не стоиш

Не си стоиш на зборот зашто не стоиш на свои нозе, исправен и стамен.

970. Никогаш

Голем деноноќен творечки труд никогаш не е за ништо.

971. Криво

Криво ми е кога не сум во состојба да споделам радост и среќа на мој близок.

972. Жално

Навистина е жално со конкретно недело да докажуваш оти си некадарен за она со што си се нафатил.

973. Божем

Божем нешто правиш, работиш, создаваш, а намерно и насилно расипуваш, растураш, уништуваш.

974. Не сум

Јас не сум во ничиј круг зашто сум си на себеси центар, па круг не ми треба.

975. Избришан

Можно е да сме се познавале. Јас сум те избришал од паметење оти си ми сторил некое зло.