Потребно време за читање: 2 минути

808. Поинаку незапирно
Без умност не може да се запре намислено од силник.

809. Зачуденост

Не разбира што се случува, па стравува да не е крај.

810. Запустување

Зпустено домашно огниште, запустен живот во пустелија.

811. Последна  битка

По долга борба, последна битка за гол живот.

812. Сеедно

Веќе сеедно зашто никако до ова и вака. 

813. Не уште долго

Не ќе можеш уште долго да го држиш гневот во себе. А кога ќе се излее, тешко дека ќе можеш да го зауздуваш.

814. Залуден обид

Се обидувам да те стасам, но ти си сè подалечна.

815. Еден живот

Ничиј одживеан живот не е за одново да се живее.

816. Состојба

Сè се случи за повеќе ништо да не се случува.

817. Друг

Одамна не сум друг за тебе. Уште откога не сме на ист пат.

818. На власт

На власт кој од кој побесрамен и побесчесен.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 323-368

819. Предоцна

Допрва ќе биде предоцна за нов почеток.

820. Не трага

Зошто трага во мое време од мое чекорење, ако моето дело не е пред мене?

821. Една светлина

Од сите светлини во животот, последната е најтрепетна.

822. Зад нас и пред нас

Зад нас ни трага од нас, а пред нас бездна.

823. Скроено

Скроено, а незаносено. Зашто не е по човечна и праведна мера.

824. Пред наши очи

Ниту е со наша волја, ниту со наше одобрение, ниту со наше знаење. А голема, та преголема неволја.

825. Се прашувам

Дали скоро ќе бидеме она што бевме и сме сè уште?

826. Различни

Секако се различни, но попрво треба да ни се докажат како кадарни и за продолжение и за нов почеток.

827. Зошто

Замислувам дека сме заедно зашто те познавам и ти ја препознавам убоста.

828. Со збор на право место

Надминувам немир со спокоен, милозвучен, надежен и докажан збор.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 196-217

829. Кај две, таму три

Не избирај меѓу две зла помало. Веројатно ќе избереш трето, поголемо од двете.

830. Познавање

По мислата и зборот те познавам.

831. Личен мир

Мир меѓу луѓе кои ниту чуле, ниту разбрале нешто за тебе.

832. Крајот без тебе

Ми се ближи крајот, убавино, речиси сум на чекор од него, а ти си веќе недостижна.

833. Невешто

Веќе не го криеш платеничкото предавство, па стратешкиот партнер мора да се прави наудрен.

834. Непотребен

Заврши твоето време и сега никому не му требаш.

835. Апашишта на власт

Нечуени и невидени северџгански апашишта на власт народот ги плаќа ненормално.

836. Калакурница

Не е ни држава ни општество без функционален вредносен систем во сите сфери на животот. Има калакурница со сѐ потрагични и сѐ понечовечки последици.

837. Клучно за недоверба

Не им верувам на политичари кои прифаќаат да бидат енормно платени со пари на сиромашен и беден народ во испокрадена држава и неморално општество.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 539-579

838. Гнилиот Запад

Гнилиот Запад, со урнисан систем на вредности во сите области на животот во држава и општество на кои им е стратешки партнер, најпрвин го убива човечкото во човекот и ја разнебитува човечката заедница. За да манипулира со нив до самоуништување.

839. Сè понеможно

За сè одново е нужно да се има умност, опитност, знаење и доблест за сè ново.

840. Неизвесноста

Расте неизвесноста, на чекор е до врвот на непостоењето, а стварноста веќе премногу сурова, неиздржливо груба и потоната во мрачнина.