646. Дно
Власт без јота достоинство! Изроднички арамии!
647. Парадокс
Почнувам да се гордеам со непризнавањето на моето грандиозно книжевно, мислечко, сатирично и радиофонско творештво. И со старечково живуркање.
648. Пусто надевање
Немаш денес, а се надеваш дека ќе имаш утре.
649. Зарем страв?!
Луѓе, зарем се плашите од дибециве и арамииве на власт, та никако да застанете простум!?
650. Смислено
Ова што ни се случува е незамисливо, ама е детално смислено.
651. Белки не догледувам
Како да нема народ во Северџганијава!
652. Страховладеење
Страховладеат плашејќи се од стари и пензионери! Само тие не им се плашат!?
653. Препорака
Уставниот суд треба веднаш да си даде колективна оставка! За доброто на народот и државата.
654. Изродничка логика
За високите цени и малите пензии „крива“ е војната во Украина, а за власта на сите нивоа, од претседателот на државата, премиерот, министрите, парламентарците до…Уставниот суд, таа е „многу далеку“, Аферим!
655. Власт и народ
Северџганија е единствена држава на светот во која власта „уставно“ си ги качува платите колку што сака, а народот гладува и страда!
656. Повторување за паметење
Бесрамна, изродничка, мафијашка и велепередавничка северџганска власт што ја плаќа народот, а не зависи од него!
657. Став
СДСМ треба веднаш да се самоукине, ако не сака или не може сама да се исчисти однатре.
658. Мој повик
Синдикалци и бизнисмени, обединете се, кренете се на нозе и пред Влада-барајте оставка веднаш! Сите ќе ви се придружат. И старо и младо.
659. Права инфлација
Правата инфлација е зголемувањето на платите на властодршците. Тамам работа таа да ги „јаде“ нив!
660. Времето и крајот
Едни чекаат, други исчекуваат, а времето си врви, а крајот е сè поблизу.
661. Нервите
Ни ги тенчат нервите тапоглави и безочни.
662. Незнаење или…
Има ли некој да го подучи чоечево дека држави без граници има само во унија, конфедерација и федерација!?
663. На само чекор до целта?!
Многу скоро и уставно билингвална и бинационална држава Северџганија!?
664. Лесен плен
Се оддалечуваме и бегаме едни од други, та така стануваме лесен плен за соседски мршојадци.
665. Незапирливо
Северномакедонците пред последно велепредавство и конечно ништење на македонскиот народ?!
666. Контрадикторно
За „техничка измена“ на Уставот-внесување на Бугарите во него се потребни експерти?!
667. Одамна
Одамна не сме заедно за да бидеме некогаш.
668. Тој пред тебе
Старец творец, стамен, исправен и извишен. Ќе биде и кога скоро ќе го нема.
669. Уште
Уште од човек човечен. Неважно колку, но секако многу.
670. Не знаеш кој
Му лекуваш рана, а не знаеш кој е. Може ќе ти помогне да дознаеш по време, а може не.
671. Вака
Вака не може, но со овие инаку не може.
672. Пропаѓање
Ќе биде многу мачно вашето скорашно пропаѓање поради безизлез.
673. Од вас ништо
Ништо не барам од вас, незнајни. Особено не нешто од она без што можев досега.
674. Моја тајна
Ти си моја тајна која никој никогаш нема да ја открие.
675. Отсега до којзнае кога
Најсоодветно:
Северџганска калакурница.
676. Политика
Стана најважно да се крои и прекројува прикриенио, сокриено, а на виделина да излегува сошиено.
677. Сила
Да, сосила убавина не бидува, ама на сила убавина не ѝ треба.
678. Трето
Не се сакаме, ама не се мразиме. Засега некако се поднесуваме.
679. Нема, а има
Во културата и историјата нема присвојување, туку има приопштување.
680. Комплексен комплекс
Комплексот на помала вредност те прави недостоен за вредностите на животот.
681. Неписмен и недоветен
Неписмен си ако не читаш, недоветен ако не промислуваш.
682. Природна убавина
Убава си ми зашто си природна и своја.
683. Разграничување
Допаѓањето е површно, вреднувањето длабинско.
684. Мора
На власт само умни, учени, опитни и творечки видни личности.
685. Промашен
Си учел, си изучил, си се остручил, си специјализирал, па си станал…политикант на власт.
686. Последни животни мигови
Жалост и болка во смртна постела, мирнотија и рамнодушност пред смрт.
687. Уставни судии
Одлуката на уставните судии со која се овозможува енормно зголемување на платите на функционерите не е невкусна, туку е доказ на простаклак, безобразие и идиотизам.
688. Прашање кога
Паѓа слугинска Владата? Паѓа, а кога ќе падне знае само оној кому му слугува.
689. Крај
Кај да е, близу ќе да е.
690. Само едно
За многу нешта од мене и во врска со мене само едно прашање:
Зошто?
691. Решено
По мене нека никому ништо од мене.
692. Во мене
Во мене уште многу што за ништо.
693. Човек
Во невреме стои исправен и се прашува дали да направи уште еден бесцелен чекор.
694. Радување
Се радувам кога се сеќавам на нас заедно.