Потребно време за читање: 2 минути

536. Безогледно

Владеете како да нема никогаш да му полагате сметки на народот.

537. Исто и повеќе

Исто како досега, а може и малу повеќе.

538. Творештво

Моето мислечко и книжевно творештво секогаш за прочит и сечија согледба.

539. Лидерски дибек

Лидерот треба да носи храбри одлуки против волјата на народот?! Бог да чува и брани!

540. Творење без престан

Неуморен меѓу два творечки воздива.

541. Тешко нам

Ништо ни денес ни утре со забеган наци-фашистички сосед!

542. Недобрососеди

Нема иднина за вас, стрвни ѕверови и стрвни птици.

543. Тамам работа!

Сè длабокоумно, вредно и убаво од мене? Ма не! Важно сè мислено, смислено и беспримерно.

544. Велепредавство на власта

Не можете да замислите колку е срамотно и злосторно вашето велепредавство!

545. Ни сосед

Не може ни сосед да биде асимилатор и окупатор, а камо ли добрососед.

546. Бедно

Безмерно бедно молчење и одобрување на дејанија на свои властодржачки идиоти!

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 1-33

547. Час поскоро

Народе, мораш час поскоро да ги надминеш малодушноста, застрашеноста и безволноста!

548. Вака

Вака секогаш до никаде, до конечно обезличување и разнебитување.

549. Во незаборав

Непребол, незаживеана љубов, неизбришлива трага.

550. За оној што не ме знае

Се чудиш оти толку многу творам деноноќно? Па јас така повеќе од половина век!

551. Колку-толку

За едни малку многу, за други многу малку, а за трети и малку и многу дека не знаат колку.

552. Биди

Биди човечен човек.

553. Ако

Ако ти фалев, ти фалам.

554. Твој избор, твоја волја

Си мислам и си пишам, а твоја волја е да ме читаш или да си тераш по свое.

555. Ни за жива глава

Ни за жива глава не би бил платен советник на избран дибек за лидер, па уште умислен оти е.

556. Може

Со мене не може секој? Може секој што е со мене.

557. Независно

И да не прашаш ќе си кажам.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, афоризми, 808-840

558. Доста

Што сакам уште со тебе дека сум без тебе? Ај ништо!