Потребно време за читање: 2 минути

615. Плукањето

Кога плукаш на друг спроти ветрот, плунката ти се враќа в грло и те задушува.

616. Министерска будалаштина

Според министерот за надворешни на Северџганија Б. О., Бугарите биле запишани во северџганскиот Устав, во „и други“, а именувањето би било само „техника“.
А зошто Бугарите инсистираат на таа „техника“?!

617. СДСМ

Веќе нема никаков сомнеж дека партијата СДСМ е најголем срам за Македонија и македонскиот народ!

618. За никаде

За никаде сте оти веќе не можете уште долго со мимикрија, мафијаштво и предавства.

619. Патолошки

Актуелната власт во Северџганија докажа и докажува дека политичкиот идиотизам е патолошки.

620. Со валкан образ

Секој со валкан образ треба да знае дека до смрт со ништо не ќе може ни да го измие ни да го обели.

621. Изрод и велепредавник

Најголеми гадови на власт за разнебитување на исконски народ и негова држава.

622. Исти

ЕУ-САД-овски мафијаши се среќаваат, се договараат и се сликаат со северномакедонски на власт.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, афоризми, 695-741

623. Прличевски

И лицем и срцев в`лци нè дават, нè стрижат, нè м`лзт до крв.

624. Вистинска љубов

Во непорочна љубов заедно до крајот на животот, а и по него. И блиски и далечни.

625. Причинско-последично

Колку посреќна власт, толку понесреќен народ!

626. Слепи

Веќе не се слепи при очи. Слепи се. Ниту гледаат, ниту разбираат.

627. Барем на работ на амбисот

Властодршци и властољупци, бидете морални и достоинствени барем на работ на амбисот. Кажете громогласно „Не!“ во името на македонскиот народ и малцинствата во Македонска република.

628. Во војна

Се разгорува војната за конечно уништување на Македонија и исконскиот македонски народ!

629. Будење или исчезнување

Разбуди се, народе! Време ти е за последна битка или-или.

630. Образ ѓон

Можеш да му удираш шлаканици, можеш да го плукаш, можеш да го пцуеш-ѓон образ е ѓон.

631. Бесрамен

Да имаш срам, би пропаднал во земја од срамови.

632. Недоквакана

Недокваканана СДСМ-овска парламентарка, една од пишувачките на последните измени на северџганскиот Устав, треба да се доквака за да научи дека малцинство во една држава не е „дел од народ“, туку само малцинство во неа кое му припаѓа на соседски народ.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 38-47

633. Ко да слушнав!

Што?! Премиерот рече нешто за Македонците во соседните земји спротивно на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за „добрососедство и пријателство“ со Бугарија?!

634. Квазианалитичар

А еден квазианалитичар научил да разликува народ од нација, ама уште не знае да разликува државјанство од припадност на народ или нација.

635. Прва задача

Прва задача на секоја македонска партија мора да биде одбрана на македонството. Зашто тоа отсекогаш било, е и ќе биде најјакиот бедем на опстанокот на македонскиот народ.

636. Се знае

Политичари и политиканти, никогаш нема единствен пат до целта. Може да има единствена цел.

637. Ти сам

Ти сам избираш што и како утре со тебе. Им избираат на зависни.

638. Суштина

Лична политичка, колективна економско-културна независност и идентитетско достоинство.

639. Светот

Светот е мал за голем, а голем за мал човек.

640.  Паметење

Не те паметам зашто не сакам или нема зошто.

641. Властодршци и властољупци

Се хранат со подлости и измами, та брзо се богатат и се дебелеат.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 742-781

642. И ти

Можеш и ти како нас, ако ни се придружиш во борба за чесно владеење, работење и создавање.

643. Дух човечки

Слободен и креативен дух-единствен, животворен, извишен.

644. Сега

Ме мислиш, а не ме чувствуваш.

645. Помирен

Не ни помислувам, а камо ли да очекувам дека ќе ми биде подобро одошто ми е. Како дребен старец кој живурка и твори без престан.