Потребно време за читање: 2 минути

559. Без љубов

За никаде јас без тебе.

560. Без корен

Каде било без корен по ветромет.

561. Најважно прашање за опстанок

Залудно ли пролеана крв на предци и потомци за слобода и свој на своето?

562. Несфатливо

Со голем и силен си играат дрндупка ситни измамници-мафијаши, нивни платеници и лигуши!

563. Божем

Во коалициона власт божем е власт, а е понизен и ѝ слугува на партнерска-паралелна власт.

564. Зависност

Вашето утре сосем зависи од нивното денес.

565. Дека немате

Да имате макар јота достоинство, би умреле од срам од толку понижувања од страна на вашите тутори.

566. Којзнае

Дали уште се убедуваш да ме заборавиш?

567. Прав

Не можете да купите прав човек со ваши валкани и крадени пари.

568. Дееволуција

Вашите луѓе ги правите мајмуни, а тие мораат да прават од вас смислени мајмунлаци.

569. Лична одбрана

Колку можете поскраја од нивната власт.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 110-125

570. Мафијашко понижување

Производител на долна облека ќе врши надзор над работата на моќен градежен американско-турски конзорциум! Нечуено понижување на Америте (и Турците) од нивни лигуши и платеници на власт во Северџганија.

571. Властодржачка смрдеа

Смрдеава деноноќно нè труе и задушува. Скоро пустелија безживотна.

572. Марш!

Банда мафијашка на власт ги дрогира младите кои сè уште не избегале од оваа волкоебина.

573. Мафијашки

Сè е чисто зашто сè валкано е вешто покриено и сокриено.

574. Парадокс

Неписмени и полуписмени дибеци на власт им диктираат на писмени зналци.

575.Срдито

Плукам на вашите лаги, измами, дејанија и кражби.

576. Уште

Јас можам уште за мојот народ, а против вас изроди, платеници, мафијаши и предавници.

577. Рана

Огнена жива рана од твојот молк и заборав.

578. Одамна

Одамна сме на пат кон беспатје.

579. Премиер

Ти кажаа коалиционите партнери дека ти си само формален Премиер. Сега носи си го срамот дури не научиш што е тоа лично достоинство кое се брани, меѓу другото, и со поднесување оставка.