Потребно време за читање: 5 минути

146. Кавга

Има причина за секаква кавга и за секоја со кого било? Нема, ама за секој што ја почнува и ја тера, притоа без ни помисла да ја запре има. И секоја има крај? Кој крај? Каков? Ако се тера докрај, тогаш нема смирување, нема надминување на причината, нема ни обид за разбирачка.

 Не можи да се повратат смирувањето, помирувањето, разбирањето и враќањето на собеседништвото, зошто да не и сопатништвото и споделувањето? Се разбира дека може. Да, првин треба волја, а потоа изнаоѓање начин како тоа да се направи без последици за никого или барем со што помали тежина и длабина и со горе-долу блиски, слични или еднакви.

Има луѓе на кои природата просто им го натурила кавгаџиството. Просто не можат без него. Се караат и буквално за ништо. Скраја од таквите, ако не можеш да ги потсмириш.

Сакам да расправам со секој што има свое мислење, свој став, свои аргументи. Да расправам, не да се расправам. Да, сум за расправа, а никако не сум за расправија. Поготово не ако може таа лесно да се престори во ѓурултија. Никако не дозволувам кој било да ме вовлече во неа.  

Македонски народни пословици и изреки

Од играчка плачка и кавга.

Со двајца кавга се праит, а со тројца ѓурултија.

Без кавга пари тој не земат.

Му донесол еден кираџија неколку тоари стока на еден баздриѓан и изваил пари да му ја    плати киријата. Сопрво му давал бешл`ци, арно ама кираџијата не сакал да земи беш`лци, чунки ќе му тежеле. Изваил цванцици да му дава, и нив му ѝ нејќел. Изваил карагрошеи, и нив не му ји земал. После започнал да му дава алт`ни, и нив му ѝ земал.

Коа виде кираџијата оти од сите чешити пари што посака, тргоецо му даде:

„Ексик да се и тие пари што ќе ѝ земиш без кавга“, рекол.

Од жена кој маж зема пари, нека си чекат кавги и ѓурултии.

За кавга је роден. За инат је роден.

За кавга капар дава. Или: појасо си го пушта да му го стапи.

Кавгаџија, биринџија, не родила друга мајка као него.

Као него нема друг што је за кавга роден.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

Капар дава за кавга да враќа.

Пари дават, кавга ваќат. Кој се кара, кој се тепа?-Тој.

Скаруањето му је као добро утро.

Жена кавгаџија прилега на змија лутица.

Пословици и изреки од народи на светот

Кога се караш со некого, остави место за помирување. (Арапска)

Кога двајца се караат околу верата, тогаш барем еден е будала. (Арапска)

Во кавга немој да ѝ се оддадеш на јароста; таа одзема дел од твојата моќ и му го предава на твојот бспомошен непријател. (Арапска)

Не е можна кавга без друг кавгаџија. (Јапонска)

Латински изреки

Силата на војната, бескрајна заработка. (Nervus belli, pecunia infinita.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Добро познат факт е дека кавгата раѓа пријателство.
Анонимус

Непишано правило е наутро сè да почне спокојно, а кавгата да остане во вчерашниот ден.
Анонимус

Рекле, издумале        

Во кавга вистината е секогаш изгубена.
Публилиј Сириј

Најчесто се случува да се караш жестоко само затоа што не можеш да сфатиш што всушност сака да докаже твојот противник.
Лав Толстој

Труди се зборовите во кавга да ти бидат меки, а доказите цврсти.
Лав Толстој

Човек од вредност не се кара. Кавгаџијата нема вредност.
Лао-Це

Кавгите не би траеле толку долго кога само едната страна би била во право.
Франсоа Ла Рошфуко

Никогаш не давај да те наведат на кавга! Мудрите упаѓаат во незнаење кога се караат со незналец.
Јохан Волфганг Гете

За духови во подем големите кавги се големи ослободувања.
Џенифер Смит

Не се карајте со луѓе чие мислење не ви е важно.
Едвард Гибон

Јагленот е за жар, дрвото за оган; така кога нема клеветници, престанува кавга. Не му одговарај на безумник според неговото безумие, за да не бидеш и ти како тој. Одговори му на безумникот според неговото безумие, за да не мисли дека е мудар.

Избегнувај мали кавги, зашто тие повеќе заморуваат одошто големи работи.
Рене Арну

Расправата е задоволство, но кавгата не е.
Ентони Капела

Нема доволно остра кавга за да се прекинат крвните врски.
Барбара Дејвис

Оној што го фаќа пламенот на кавгата во која не учествува, нема право да се жали ако му летаат искри во лицето.
Бенџамин Франклин

Сите расправии околу религијата се како кавга меѓу двајца мажи за жена која ниту еден од нив не ја сака!
Џорџ Халифакс

Има луѓе кои не сакаат ништо подобро од добра, редовна кавга.
Џад Морган

Секоја вистинска кавга започнува со самоомраза.
Дмитриј Биков

Здравиот разум е прекрасен аргумент во кавгата.
Едит Вортон

Откако ќе добијат храна и пијалок и засолниште, следното нешто што треба да најдат е кавга.
Адријан Чајковски

Ова е важната порака на смртта: нема ден за губење, нема ден за кавга, нема ден за размислување за себе. Тоа не ја одзема радоста на животот; тоа ја придобива радоста.
Екнат Еасварен

Кога кавгата е меѓу пријатели, вистината излегува на виделина.
Елинор Хиберт

Животот би бил неподнослив без кавги. Добрата кавга е сол на земјата.
Етел Лилијан Војнич

Во секоја кавга постои точка на враќање по која ништо не може да се поправи.
Ешкол Нево

Човечкиот живот се држи со многу повисока почит, а неговата перцепција, без разлика дали е во приватна кавга или во правна постапка, се гледа многу посериозно отколку порано.
Елиху Рут

Еднаквите права на мажите и жените е тема само за време на кавга. Кога мажот и жената се добри заедно, никој не зборува за еднаквост.
Кодо Саваки

Ако започнеме кавга меѓу минатото и сегашноста, ќе откриеме дека сме ја изгубиле иднината.
Леон Панета

Два духовни живота владеат со светот-љубовта и омразата, а нивните непрестани кавги го создаваат општото растројство на животот.
Марија Корели

За мене една кавга е подобра од молчење. За мене кавгата е подобра од тишината.
Пети Смит

Со еден стар пријател не можете да ја порекинете врската поради кавга.
Пол Остер

На мажите не им оди со преголема смиреност. Некој ќе најде кавга. Простете им на собраните за секоја проклета, горда глупост што може да говори тука.
Тад Вилијамс

Класичниот кавгаџија првично секогаш бил жртва.
Том Хидлстон

За секоја кавга се неопходни две души.
Вилијам Голдинг

Нема ништо полошо од разговор кој се претвора во кавга, хаос и веќе не се очекува ништо добро.
Филип Џијан

Среќните парови можат да се караат и да се помируваат-кавгата не остава траги, бидејќи си веруваат еден на друг и не се сомневаат во заемната љубов.
Стефани Стал

Понекогаш молчењето може да значи негодување или кавга, а понекогаш почит кон соговорникот, кон „просторот“ на другиот.
Јулија Хипенрајтер

Кавга со надредените е иста како кавга со силите на природата.
Јуриј Полјаков

А кај тебе најмногу ме нервира тоа што на тебе човек не може ни да се налути поштено…Знаеш ли? Знаеш, а? О, го знаеш ти тоа…Многу добро ти го знаеш тоа…
Ѓорѓе Балашевиќ

Кога сите луѓе би знаеле што зборуваат едни за други, на светот не би имало ни четворица пријатели.
Блез Паскал

Кога се караш со Него, се караш со сила која ти дала да можеш да се караш; тоа е исто како да пилиш гранка на која седиш.
Клајв Стиплс Луис

Луѓето навистина ги запознаваш дури кога со нив поштено ќе се искараш. Тогаш и само тогаш можеш да ја просудуваш нивната вистинска природа.
Ана Франк

Не дозволувајте мали несогласувања да уништат големо пријателство.
Далај Лама

Во недоразбирањата со луѓето што ги сакате секогаш земајте ја моментната ситуација. Не ги повлекувајте нештата од минатото.
Далај Лама

Не сакам да се карам со својата сопруга за нејзиниот автомобил-или за моите возења.
Дејл Ернхард

Нема потреба да се плашиме од кавги, соочувања, ниту од какви било проблеми, зашто и ѕвездите понекогаш се судираат па од сударот настанува некој нов свет. Денес јас знам: ТОА СЕ ВИКА ЖИВОТ.
Чарли Чаплин

Се караат само дребнави интелектуалци.
Оскар Фингал Вајлд

Судирот е татко на сè: едни ќе направи богати, а други не; едни робови, а други слободни.
Хераклит

Судирите меѓу љубовници ја обновуваат љубовта.
Теренциј

Кавгата ја запрепасти, зашто откри не само дека тој одвај го чека непријателот, туку и дека ни таа не може да попушти во расправа која се распламтила до гнев. Никој од нив двајцата не сакаше да се повлече, обајцата загрижено се држеа до своите начела. Па зарем не можеш да поднесеш дека луѓето се поинакви, зошто ти е тоа толку важно? Ако ова не е важно, ништо не е.
Алис Ен Манро

Карај се со што било, но не карај се со својата нарав.
Филип Пулман

Кавгите меѓу пријатели не значат ништо. Опасни се само кавгите меѓу оние кои сосем се разбираат.
Мари Фон Ебнер Ешенбах