Пловечки градови

Потребно време за читање: 2 минути

Крајно решение за рапидното подигање на нивото на морето, кое се заканува со потопување на градови како Лондон, Њујорк, Токио и Венеција, понуди наградуваниот белгиски архитект Винсент Калбо кој дизајнирал пловечки, самоодржливи градови кои ќе вдомат околу 50.000 луѓе што ќе останат без своите домови.

Таквите „Lilypad Cities“ („градови-водени кринови“) би пловеле околу светот како сосема независни и целосно самоодржливи домови за луѓето, а архитектот во средиштето на секој замислил и езеро за собирање и прочистување на дождовна вода, три издвоени пристаништа и вештачки планини за жителите да можат да ја променат визурата на погледот на морската шир.

Електрична енергија би осигурувале низа обновливи извори на енергија, вклучувајќи и соларни панели на рабовите на „планините“, турбини за ветер и уред за прибирање на енергијата од морските бранови. Пловечките градови всушност ќе произведуваат повеќе енергија отколку што ќе трошат и ќе бидат сосема здрави зашто ќе го рециклираат целиот јаглен двооксид и сметот кои се произведуваат.

Калбо вели дека ги замислил како „водени градови“ без никакви патишта и автомобили, како и прекриени со растенија од бројни градини. Но признава дека сѐ уште не пресметал колку би чинела изградбата на еден таков.

„Сакам да овозможам хармоничен соживот на човекот и природата“, изјави Калбо за „Daily Mail“, и додаде: „Мислам дека осмислувањето на начинот за вдомување на милиони луѓе, кои поради промените во околината ќе станат бездомници, е еден од најголемите предизвици на 21. век“.

Во Бостон се планира населба што плута под име Боа, која ќе биде дом за 15.000 луѓе. Се планира постоење на хотели, канцеларии, музеи, станови, како и ново Градско собрание. „Небески“ градини се предвидени на секои триесет ката височина, а дизајнерите и архитектите ќе се потрудат целиот комплекс да го добие ценетиот LEED сертификат (The Leadership in Energy and Environmental Design), кој се добива за исполнување на стандарди за еколошки одржлива изградба. Во рамките на целиот комплекс нема да има потреба од автомобили, па во многу ќе се намали емисијата на јаглероден моноксид и други штетни супстанции.

.Француската фирма „Alstom Marine“ и архитектот Филип Зопини проектирале брод-град кој може да плови непрестано-замислен е како пловечки град „AZ“, кој на своите привремени жители, кои ќе се одлучат на крстосување низ светот, може да им понуди баш сѐ. Тој се конструира, а кога ќе биде готов ќе се движи со брзина од 10 јазли на час (18,5 км на час) и според мислењето на архитектот ќе може да им одолее на бранови високи и до 20 метри. Ќе биде долг 400, а широк 300 метри и ќе може да прими 10.000 гости во 4.000 кабини распоредени во две „улици“, односно два низа на згради од по 15 ката. Во средиштето на бродот ќе се наоѓа лагуна со површина од 1 хектар, а „AZ“ ќе располага и со пристаниште за чамци и јахти. За забава на гостите се предвидени бројни содржини, игралишта за разни спортови, ресторани, кина, театар. Изградбата на еден ваков „пловечки град“ ќе чини колку 4 големи прекуокенаски бродови.

Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC) проценува дека до крајот на 21. век нивото на морето ќе порасне и до 88 сантриметри, а најверојатно 50, што ќе загрози десетина милиони луѓе кои живеат во крајбрежните подрачја и на ниски острови. Дури и ако некои делови останат „на суво“, морето ќе ги загрози изворите на вода за пиење.

Leave the first comment