Потребно време за читање: 4 минути

21. Љубовта наша насушна

Здраво-живо народецу мој,

Сега сакам да си се посветам на љубовта наша насушна, зато што оту ме испровоцируа Трпе баш за неа. Не го знајш Трпета? Мора да го знајш! Трпе е дребно пензионерче ко мене. Скоро на мои години, можи некоја помалу. Освен по траењето на трпењето, ја го знам, а го знаат и друзи ко многу по пеањето, поточно по потпејвањето. Знај многу потпејвања, а најчесто му иди „Трај, Трпе, трај за да влезиш во рај“. Ја мислам оту нема шанца да влези, ама нека му је, и он ко друзи нека си живеј во надеање кое, ко што се знај, последно умира. Ја мислам дека кај него то ќе умри во моменато ко ќе умри он. Нејсе.

Дниве баш ме испровоцируа Трпе за љубовта наша насушна:

-А бе дедо Громче, заошто ти досега ич не си зборвал, али ја не сум те чул ни да гукниш за љубовта наша насушна?

Го заглеав продорно со очиве, малу му се намрштив и му вратив со прашајне:

-Ти ме провоцируаш? Како не сум ни гукнал? Можи пред тебе не, ама за неа су зборел и долго и кусо, и општо и детално многупати. Некоаш од уста не сум ја вадел. А шо сакаш да чујаш од мене за неа?

Тој:

-Сакам да чујам шо мислиш ти за неа.

Ми напрај малу збунка, ама му одгоорив со мирен глас:

-Ич не си ми конкретен, друже мој Трпе. Има многу љубови и секоја је, али можи да биди насушна. Ти на која мислиш? Белки знајш дека можи да се збори за неа општо и детално, ама ко една општа не постои.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Трпе подзачуден:

-То го слушам првпат од тебе. Како која? Ја колку што знам, општа али не љубовта ко таква си је љубов насушна.

Немав друго, морав да му детализирам:

-Како бе не знајш? Постојат љубов мајчина и таткина, кон таткојната која уште ја викаме патриотизам, љубов кон народец, љубов другарска, љубов кон понежен и поубав али погруб и погрд пол, љубов прва али последна, љубов прва ко последна односно единствена во цел живот…да ти редам уште?

Слушајќи ме, во меѓувреме Трпе си потпевна „Трај, Трпе, трај за да влезиш во рај“, а ко го прашав брзо и по малу налутено одгоори:

-Не, не треба појќе…За што ме мислиш ти мене? Оту ја до толкуа не знам? А ти знајш оту сите љубови имаат заеднички именител, ко што се вели стручно? То је баш насушноста. Ти знајш што значи то?

Сега мене ми дојде редо за малу нервозација, налутуање и подвикуање:

-Како можи дедо Громче да не знај?! Насушно значи нешто без што не се можи. Исто ко насушен леб. И што?

Трпе:

-Е па то! Зборуј ми, али бар гукни нешто за насушноста на која било од љубовите шо ги изреди.

Решив да му зборуам, а не да му гукнам нешто за љубовта кон таткојната. Не оту е за мене секоаш прва, најважна, без која и чоек и народ просто не постојат, ами оту е докажана ко најнасушна. Со кажипрсто на десната рака нагоре му порачав да си удри тотална концентрација и да слуша со отворени уши што ќе му кажуам оту не мислам да му повторуам:

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

-Ако тргнеме од твоето главно потпејвање, она „Трај, Трпе, трај за да влезиш во рај“, тебе љубовта кон таткојната ко да не ти је најнасушна. Да не забраам на почетоко, да ти повторам дека таа се вика и патриотизам али по нашински родољубие. То се толкуа стручно вака: поврзуање на емоциите во чоеко со таткојната и народо али нацијата ко со папочна врвка. Е сеа, ако на тебе Трпе родољубието ти е најнасушно, ко што им е на правите патриоти, ти од моменато ќе забрајш на траењето и ќе почниш да потпејваш нешто друго. Ако ништо друго, контра од то: „Не трај, Трпе, не трај за да влезиш во рај“. Нејсе.

Прво ко прво, таткојната се љуби со цело срце и сета душа. Сакам да речам, без мислејне, премислувајне али колебајне. Прибидејќи е најнасушна. И секоаш си готов да гиниш али да загиниш за неа. Во врска со најнасушноста, сакам да ти доречам: родољубието е врзано со најдлабоките корени, со најдамнешни времиња, со исконо. Белки знајш оту македонскио народ е меѓу најисконските на свето, и то на своја исконска земја. Та следствено на то, на Македонецо и Македонката да не ни пробаш да им го чепниш родољубието. Има да те најди не само несакано, ами и до чепнуањето ненајдено.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Белки ти текнуа на една родољубива песна во која се вели кој душман ќе влези во Македонија, жив од неа не ќе излези. Е то је право испеана љубов кон таткојната. Ти текнуа на шо мислам, нели? Мислам на храброста и стаменоста на големите патриоти, односно на оние со најнасушна љубов спрема таткојната.

И баш во тој контекст не можам да премолчам што се напрај и се прај со таткојната ни од страна на ненароднава, натуренава, криминалнава, тотал корумпиранава, мафијашкава, а најпрвин велепредавничкава власт.

А бе Трпе, брате по пензионерскио ни статус, кај се најдоа ваквии, без ронка родољубие во срце и на душа, со ич љубов кон таткојната? Добро де, ги најдоа. Исто ни се ваќа. Дури тотал контра на тоа: просто ја мразат таткојната, ко да им е туѓа…Мора да им е туѓа! То мора под итно да го провериме.

Само да ги гледаш и слушаш како се напрегаат и пазат да не им излези од устите Македонија! Те „оваа земја“, те „нашата земја“, те „земјава на овој народ“, те…Да се крсти чоек ко ќе помисли оту се власт!

Не знам за ними, ама ја гледам и слушам оту во свето и европејскана блудница сè појќе победуа баш љубовта кон таткојната! Родољуби односно патриоти победуаат на избори и ја земаат власта во свои раце!

Ја престануам да кажуам, а ти задлабочи се во мислење особено за последново шо ти го кажав. Оту самио ти ме знајш мене ко дедо Громче. Ја ко ќе кажам што било кажано је.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here