Потребно време за читање: 4 минути

42.Сакањето

Здраво-живо народецу мој,

Одамна се спремам психофизички за да си кажам збор-два за нешто шо нема ни блиска ни неблиска врска со нашава исполитизирана грдотија, како и груботијата на стварноста шо ја живеат појќето од нас, посебно појќето од нас пензионерите завалии: за сакањето. Се прашуате заошто се спремав баш до овој последен момент? Поради зато шо сакањето им је најсушно на малолетните децата, па по ними идат младите, ко шо ги нарекуаме стручно-експертски пубертетлиите, па по ними младите во зрела сексуална фаза, среднорочните и средовечните со стабилизирани сексуално-бизнисменско-семејни насушни потреби, и дури најнакрај доаѓаме ние во залезните годиње, ко шо ги нарече еден поет старцките. Шо? Се фрапиравте од то колку ја знам за фазите на развојо на сакањето? Зар уште се сомневате дека има нешто шо ја не знам?! Немојте да ме наведуате на навредуање…Туку, шо ми беше зборо…А да, сакањето за кое по одамна спремање психофизички конечно можам да си продумам и кажам збор-два. Прво акценато ќе го стаам на сакањето општо, а после ќе се акцентирам себеси во името на старите за нас на залезните годиње. Ќе речам само едно оти нема потреба од две-три и појќе рабоќе: ебати живото детински, пубертетлиски, на сексуално зрелите млади и на среднорочните и средовечните без самосакање и меѓусебно сакање. Особено ебати кога је во порашање исполитизиранио и политикантскио.

Сакањето, лујѓе мои, је насушна суштина на живото на секој еден чоек, на секои двајца, на појќемина и на сите топтан. Кој не сака, нема смисла да постои. Така да си знајте!

Чоек просто на просто не можи ни чекор да напрај напред, шо ќе речи оти оди само наназад. При то не знаејќум оти одењето наназад значи назадуање во секој поглед и на секој план. Плус факато оти то значи пропаѓање, на крајо можи и паѓање во амбисо безживотен. Напротив, со сакање општо, а посебно со меѓусебно лујѓето одат, грабаат напред дури и со брзаница, ко шо се вели на срански-со чекор од седум милји. Знајте шо је милја? Ако не знајте, ќе ви кажи дедо Громче другипат. А шо је најважно во тој поглед и на тој план, со сакање се живеј општо поубо, повесело, поспокојно, со елан и несопирливо. И да, лесно, толку лесно шо на чоека му се чини оти само шо не полетуа кон висини, во ширини, до небо, до сонце, ѕвезди и месечини и назад.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Од круцијално значење, ко шо се вели стручно-експертски, је прашањето: шо је контра на сакањето? Шо? Не знајте? Како можи да не знајте? Јазак да ви је ако не знајте. Ај да ви кажам: контра на сакањето је мразењето. И при то акценато не је на контрата, ами на мразењето кое произлегуа од несакањето. Со други, трети, четврти и многу зборој, кој не сака можи да не сака а да не мрази, ама ако мрази од шо не сака…е, то је голем проблем. Можи да прерасни и во егзистенцијален. Замислете го ова: некој не сака, а поради зато шо не сака никого мрази секого. Да де, логично мислите оти оној шо мрази секого, тој се мрази и себеси. За него обично се вели оти до ручек мрази други, а од ручек, одвечер, па и ноќе и дури спие се мрази себеси. Или обратно, сеедно. Со таквио, шо прво али второ мрази други, а прво али второ себеси, ич да си немате работа. Особено да не прајте никаква политика. Ако прајте, тешко вам! Ама ај да го остајме настрана мразењето. Од мене другпат за него детално и од сите аспекати според мене…Туку шо ми беше муабето.,.А да, сакањето прво со стаање на акценато на општо, а после во името на старите за нас на залезо на годињето.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Лујѓе, шо се однесуа на сакањето за нас на залезо на годињето, дедо Громче сега ќе ви кажи оти то според јакоста је на исто ниво со детинското. И не је толку еднакво според јакоста, колку шо је според чистотијата, искреноста и убајната на сакањето. Ви кажуам од лично и персонално искуство, имајќи го пред вид сакањето меѓу мене и мојата покојна Громојца…Да не забораам да го имате пред вид разликуањето меѓу сакањето и љубовта. Имено, сакањето иде заедно со љубовта, ама можи да биди и само сакање, додека љубовта је скоро исто шо и сакањето, со таа разлика шо можи да се љуби само тој шо се сака и да не се сака никој друг, нито нешто друго.

Ако не ме издаа сеќавањето, и порано сум ви поткажуал за сакањето меѓу мене и мојата покојна и никоаш непрежалена Громојца. Па сега можи нешто од поткажуаното да повторам. Нашето сакање, лујѓе, не можи да се спореди со на никое и ничие друго. Чисто, искрено, длабоко, никоаш со отсакуање поради нешто. Сакам да речам апсолутно во секој поглед и од секој аспекат. То-сакањето ни беше уште од најмлади години, ја мислам дека ни почна уште во детинството, дури си игравме со другите мижитара, челик, со џамлии, крива магарица и други игри. Шо је секако најбитно во тој контекст: исто ни беше сакањето и во пубертето и во младоста и во зрелоста, па сè до почетоко на староста односно залезните годиње. Сè до кога ме напушти, замина на оној свет, си ја зеде Госпо. Да ви кажам искрено, дури и ја не појдам таму, кај Господа, никоаш, пред ништо и по ништо нема да ја прежалам…Да ви кажам искрено, стално ми фали. Особено кога сега морам да решам за нешто, а нема со кого да се консултирам односно таа да пресечи како треба и не можи да биди друго, инаку. На пример ко шо мислам ја…Ја мислам оти ја и Громојца моја можи да ви бидиме пример и секоаш да се примеросуате со нас…Нормално, при толку големо сакање сè меѓу мене и Громојца моја беше потаман. Никоаш, ама баш никоаш то-сакањето не ни доаѓаше во прашање, не ни се проблематизираше ко шо се вели модерно. А знајте заошто најмногу? Зато шо меѓу нас никоаш, ама баш никогаш немаше ни политика, камо ли политиканство…Туку, шо ми беше муабето…А да, сакањето визави политиката, посебно визави политикантството.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 39

Дали ви текнуа заошто сакањето во овие наши модерни и турбулентни времиња, ко шо се нарекуаат стручно-експертски, сакањето ни је сè појќе во тешка криза? Баш поради зато шо него го стааме визави политиката, особено визави политиканството. Најточно: ги мешаме меѓусебно. Од шо произлегуа последицата оти се губи, се дави сакањето во политиката и политиканството. А се знај оти просто не можи да се води политика, особено политикантство без сакање. Поготово шо наместо сакање меѓу ними расти мразењето, народски речено пизмењето. И најсетне се случуа шо се случуа: државава и општеството ни се за никаде. На пример, ја мислам оти и вие со мене ептен би се радуале кога бар малце би се сакале позицијата на власт и опозицијата во опозиција. А обете исто те сакаат и сè шо знаат и умеат би праеле за тебе, народецу мој.

Ај овде да се пресечам. Мислам оти веќе си знајте:

Шо ќе кажи дедо Громче кажано је!