Потребно време за читање: 4 минути

45. Меритократија контра партократија

Здраво-живо народецу мој,

Досега ако не мнозинството, тогај сигурно мнозина од тебе забележале оти ја ко ќе се фатам за нешто не го остаам ни за жива глава, ма сè дури не му го најдам крајо, не го дотерам докрај али не го дотуркам на чистина и после не го расчистам до чиста чистота. Фаќањето ми је најчесто за нешто шо ми се наметнуа само по себе, ама поначесто врзано за некои мои и сенародни толку сложени собитија, шо да не можат да бидат попрости. Уште па поначесто се фаќам за нешто шо не го знам баш нај, па прво го проучувам, го разбирам и изучувам од А до Ш, за најсетне да нема на то никој ни приговор ни поговор, а камо ли на пример заговор.

Дниве ми падна в очи и уште појќе ми влезе в уши еден збор али термин кој сигурно влегол во јазико наш насушен од срански, најверојатно од англискио. Шо прво прилично ме унервози, ич ги нејќам тавките зборој али термини. А ми падна в очи и уште појќе ми влезе в уши најверојатно зато шо во последно време мозоко многу си го тормозам со наречидемократија. Сакам да речам, прибидејќи ова во шо сме турени од ненародниве политиканти и властодршци никако не можи да се наречи демократија. Во сушност се работи за два збора али термина кои се контра еден на друг, а ја ги стаам во паралелност. Зборојте се: партократија и меритократија. Кога је зборо за контрата меѓу ними, прво иди вторио, после првио, односно меритократија контра партократија. Луѓе, знајте шо значат тие? За наречидемократијата веруам оти знајте сите, ама за другите два појќе ми се веруа оти знај само некој. Ко шо реков, и ја не знаев, ама ко шо ме знајте мене ко дедо Громче, ја не остаам незнајно ништо за шо ќе се фатам. Можам да ви докажам оти сега слободно можам да се прогласам и ептен учен за ними, ко шо се вели стручно-експертски-аналитички и синтетички експерт.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Првично треба да се знај оти партократија је владеење на партии кои учествуваат во власта, а меритократија је систем во кој напредоко и успехо во работата и живото на секој чоек главно зависат од таленто, способноста и напоро. Ај и ова: заошто партократијата и меритократијата можам да кажам и докажам дека се дибидус контра на демократијата? Попрецизно прашањево: заошто наречидемократијата је то зато шо во нашево време је, ко шо би рекол ја актуелно во коалиција со партократијата, а таква је поради зато шо има жив уплав од меритократијата? Еве ви уште еден доказ оти ко ќе кажи дедо Громче кажано је: партократијата нема ни блага ни солена, ни слатка ни лута врска со демократијата, ами со неа партиите на власт мајка ти расплакуаат тебе, народецу мој! Те гмечат, те толчат, те осиромашуаат до гола кожа и коска, и те јадосуаат со крадачка која еуфемистички се нарекуа корупција. (Знајш шо је еуфемизам, нели? Не губи време во барање во речнико, ја најдов: он је употреба на поблаг збор или израз за нешто лошо, непријатно, грубо али непогодно; и се дава примеро со умирачката: наместо да се каже умре, се кажуа си го зеде Госпо. Е, ко ќе ја умреме крадачката поблаго ќе биди да речиме: со помош на Госпо ја сотревме корупцијата.)…Туку шо ми беше муабето…А да, за партократијата и меритократијата.

Ја стварно не можам да сфатам, ниту да разберам заошто и како така лесно, несетно и просто незабележливо партиите нè напикаа во партократија, та веќе просто не можиме ни да дишиме од неа. Шо је па уште пострашно, си легнавме на нивното брашно откога ни ја продадоа наместо и во името на демократијата. Чоек да се крсти со две раце. Па зар толку совреме не сфативме и не разбравме оти тие со то ќе нè донесат до рабо на амбисо, ко шо нè донесоа?!

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Значи, ние не живејме во демократија? Значи то. Значи, ние живејме во партократија? И то значи. Значи, шо треба да прајме за однапред за да заживејме во демократија? Значи оти треба да ја скиниме, просто да ја укинеме партократијата. Ами то значи да ги укиниме партиите? Е то не мора да значи. Сакам да речам оти можиме да им ги остајме партиите на оние шо не можат без ними, до толку се навикнале да бидат партиски членој, партиски врхушки али партиски измеќари, нека и натаму пробуаат да ни продаваат идеолошки ветрој и маглишта, ама никако да не им дајме да бидат власт. Добро, ај да бидам поблаг односно да се изразам еуфемистички: нека бидат за она за шо се формираат и постојат-за борба за власт, ама кога ќе дојдат на власт да не бидат власт со нивни политиканти на власт. Туку да бидат обврзателни на власт да клаат али нивни меритократи али такви нивни независни, благо речено симпатизери; односно пола мажи-пола жени, за да се запази законската полова рамноправност. Но, при то да не се дозволи, ко шо је дозволено во парталменто партиски пратеници во меѓувреме стануаат независни, да замеша прсти родовата! Поради зато шо тогај во власта ќе настани кармакаша, права калакурница. Само замислете го ова: партија шо освојла власт стаа на власт маж, а нему во текот на мандато му паѓа на ум оти не се осеќа таков во својта кожа, па решава да се прогласи за жена, дури и по цена да го смени поло. И шо? Партијата ќе мора ја да го смени поради зато шо родовсски ја пореметил половата рамноправност. Нека ми биди простено за вулгарноста, ама ја знам оти ти, народецу, таквото однесуање и замешуање го викаш играње курташак…Туку шо ми беше муабето…А да, за меритократијата.    

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 47

Ја, ваш дедо Громче, отсекоаш сум бил и секоаш ќе бидам реалист, кој не се занесуа со брзина во кривина, а никоаш идеалист. И сега сум исто. Ни без брзина не се занесуам, не сум идеалист, па знам оти кај нас уште долго нема, можи и предолго не ќе можи да заживеј меритократијата. Заошто? Па поради зато шо ние толку се научивме и се навикнавме да бидиме партиски, шо сега не можи ни да ни влези во умо да станиме меритократски; односно она шо сме, кои сме, какви сме и до кај сме лично, а ко такви да сме си секој на вистинското место. Од друга страна, пак, личнио напредок и личнио успех во работата и живото, сосе статусо, да ни зависат саде од личнио талент, личната способност и личнио напор. И уште едно поради зато шо: како меритократи ќе почниме да се докажуаме ко демократи, односно владеачи на народо преку нас, а не на пример преку стратешки партнери. Па згора на то, за полесно и најлесно да се клајме али да не клаат во власта да почниме да си прајме али да ни праат меритократски партии!

Народецу мој, ти си знајш шо ми иди на крајо од секое мое монологизирање:

Ја ко ќе кажам кажано је!