Потребно време за читање: 4 минути

17. А бе ај!

Здраво-живо народецу мој,

Морам да опцујам ко дедо Громче:

Ебати премиеро кому му пишуаат што да кажуа и како да се однесуа при кажуањето!

А бе, секој на негоо место би се покрил со што ќе му се најди при рака али би пропаднал во земја од срам и резилење. Да ти пишат не само што да кажиш, ами и како да кажиш и што да прајш со рака, со нога, кога и како да си ја занишаш глаата, кога да замолчиш за твојте да ти удрат ракоплескање…

То ти је исто ко да ти дадат државиче в раце за играње. Ти играш со него ко детиште, ко што ти кажале како да играш, ама ти се плаче прибидејќи си учел негде, на некој од западнине божем харвардски чколии оту со државиче исто ко со држава немојт и не смејт никако да си играт недоквакан политичар ко што си. Како било па ич.

Како му пишаа за последнио говор, а тој читаше и прајше од А до Ш? Не моом да не цитирам.

Чита ко што му пишале: „Оваа група овде на опозицијата“, па во заграда прај со рака ко што му стои во заграда: „покажува со рака“; па малу попосле при кажуање „помеѓу нас“ во заграда му пишале да покажи со рака за некој да не згреши на кого мисли: „покажува на десно“.

Ма што да ти кажуам! Нема лабаво! И премиер да е, не смеј да мрда и да се однесуа ко што ќе му текни. Оту се виде како се однесуа кога нема да му биди пишано: многу го фаќа нервозација, се вади од такато, се треси и одвај се држи на нозе да не падни од говорницата ко круша под круша.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Овој што ни го натурија за премиер баш е за то? А бе, ај! Овој не е ни за во партија на политикантски лигуши и измеќари да го клајш, а одозгора на то да го напрајш лидер.

Туку, за друго сакав да си монологизирам. Сакам да си го концентрирам сатирикуањево на она што го турив ко наслов: на извико „А бе“ ко нагласуање на исказо „Ај!“. Тоа за премиеро ептен ми влезе во контексто, па не можеше да мини без ја да не го нотирам ко ноторно.

Лујѓе, не знам вие, ама мене работава кај нас и меѓу нас визави свето не ми оди на арно. Знам, мнозина од вас велат „А бе ај!“, демек „Како да не!“ зато што не е прифатливо, а особено оту според мнозина од вас веќе нема бетер; дојдено е сè преку глаа, та бетеро веќе не игра. Да ви кажам прао, ја се надеам дека ќе биди така, та најсетне ќе ни тргни сè од арно поарно. Ама и мене сè појќе ми иде „А бе ај!“, демек „Појќе нема бетер? Како да не! Бетеро допрва ни иди!“.

Ај да се конкретизирам, ко што би му рекол ја на оној што ја не разбира, ја му пишуаат од А до Ш зато што не треба да си го тормози мозоко со ништо, најмалу со мислење и разбирање. Ко премиеро што го зедов за пример.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 47

Знајте што је то хибридна војна? Ја не знаев баш, па читнав во книги за модерно војвање на силни против силни за слаби да бидат под силни ко да им се сојузници оту им требаат ко такви. Просто речено за разбирање: хибридна војна е секаква војна во исто време. Почнуајќи од меѓу млади и стари, што се нарекуа судир на генерации, па завршуајќи со труење и разболуање на народ од небо и во земја. За пустошуање, за гладуање и умирајне? Не бе! А бе ај! За робуање, слугуање и зависуање за сè и сешто. Најпрвин со крадење и грабање на сè што вреди во државичката против која се војва, за што прво ко власт се натураат недоветни политиканти, властољупци, предавници и велепредавници, кои ги плаќаат дебело и им дозволуаат уште подебело да крадат и грабаат од народо; после удираат по паметењето ко дел од идентитето, да се избрише колку може појќе од него, ако може сето да се избрише ко измислено; то стручно, експертски се нарекуа перење мозок; и најсетне сите да робуаат работејќи за корка леб и грам сол од изгрејсонце до зајсонце, од студој до студој, од злости до грдости.

Некој од вас, лујѓе, вели „А бе ај! Како да не! То не мојт да бидит!“? Дедо Громче само ви кажуа што мисли.

Туку, и за трето сакав да си монологизирам, да си го концентрирам сатирикуањево во врска со она што го турив ко наслов „А бе ај!“: за свестуањето и борбата за гол животец со достоинство.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Прво ко прво за двете што ги врзав со третото:

Свестуањето, лујѓе, секоаш е многу тешко и бавно. Не само оту неосвестеноста е причинско-последична на долга слепота при очи и глувота при уши, ами е од многу појќе робуање и измеќаруање. А и од уплав је. Некој од вас вели „А бе ај!“, демек „Како да не!“? Ја само да си додадам: долгата слепота при очи и глувота при уши од робуање и измеќаруање е од домашно воспитуање и божем странско образуање. Сето тоа со властољубие и наперченост.

Ко второ и второ за третото, односно голио животец со достоинство:

Ја то го врзуам со хибридното војвање! И то ко главно против, за тотално поразуање на таквио животец, а со јасна намисла токму да се нема таков.

Е сега: кој прв во хибридната војна се поразуа во таа смисла? Не ви текиња? А бе ај! Не прајте се на улај, вие робуачи, измеќаруачи и наперчени властољубци. Па вие сте првите! Заошто? Прибидејќи не знајте што је то гол животец, нито како се животари достоинствено. Оту ништо не ви фалело одц раѓајне, нито ви фали ко полит-бизнисменски олигарси, нито ќе им фали на вашите потомства до којзнае кое колено. При што фали сè!

Мислете што кажав, што измонологизирав сатирикувајќи. И да не заборајте: ја ко ќе кажам кажано је!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here