Потребно време за читање: 4 минути

48. Убајните во живото

Здраво-живо народецу мој,

И мене ко тебе одвреме-навреме, поготово кога ќе ми пукни филмо пред очи, ми иди да си подумам и да си позборам саде за убајните во живото. И да си подумам и да си позборам сам, насамо со себеси, поради зато шо сум одамна цврсто и непоколебливо сигурен оти убајната је права убајна саде кога је секому негоа и ја споделуа со секој шо ја посакуа оти ја нема во доволна мера. А знам оти таа и тебе ти иди во умо и зборењето одвреме-навреме, прибидејќи ни ти ни кој било твој чоек можи да издржи долго со грдости од лујѓе али со лујѓе грдотии. Кога ќе се подумам подлабоко, пак, доумуам оти и ја, ко секој шо ми је близок или је со мене, грдостите од лујѓе и лујѓето грдотии до толку навалиле ем навалуаат на убајните, шо живото веќе ни го напраија до толку грд та на чоек му иди просто да престани да живеј. Да, баш му иди то! Се разбира, и мене ми иди, ко на дедо Громче, ама во последново време некако сè почесто ги барам убајните. Али се вртам на ними пред мене, крај мене и по мене, ги догледуам, ги согледуам, им ја откривам длабината и ширината, смислата и содржина, та ми проработуа…како го викаја она шо го смислија наречиекспертите за наречиправдина и напикуање во администрацијата по клуч шо им прај да си напраат да станат близу, па и исти со мнозинството?…а да-балансеро…Па така, со помош на балансеро засега ми успева да ги избалансирам убајните и грдостите од луѓе сосе луѓето-грдотии…Ма нема врска! Ја не знам поголема будалаштина од балансеро.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 41

Народецу мој, ако некој од тебе ме праша мене лично шо ја мислам за балансеро, прво ми се крева адреналино, после ми се креваат влакната шо уште ми се на глаа, па почнуам да фрлам искри од очите и најпосле ми иди да опцујам! Добро бе, малциински ем немнозински сограѓани наши, ем делој од народите во свето и кај нас, кој ве научи да го смислите тој-балансеро?! Ма знам ја кој ви го смисли, кој друг ако не вашите стратешки партнери, ама прашуам кој ве научи ко ѓоамити вие да сте го смислиле?…Па зар не ви иди во умо оти је он тотална глупоќа шо многу скоро ќе ви се удри од глаа? А бе не можи и неписмен и полуписмен од вашите, ко шо не можи и од нашите, да му је главна ем едина цел да зема плата за клатење врата! Па то, меѓу другото, нема врска со балансирање, демек рамноправност ем рамносилност меѓу народо и малцинствата во една држава ем едно општество за сите, а камо ли со некој инструмент, ко шо стратешките партнери ви го нарекоа кројачки и шијачки стручно-експертски. Ебави балансеро, ебави…

Туку, шо ми беше зборо?…А да, за балансо без балансер во живото меѓу убајните и грдостите од лујѓе и лујѓето грдотии…

Лујѓе мои, дали сте свесни, дали ги препознаате, дали ги догледуате и согледуате убајните во живото ваш? Колцина од вас се опкружени али обградени со ними? Немојте ни да пробате да ми се оправдуате оти сте ги тргнале настрана али, шо је за мене дамбетер, они се пред вас, крај вас и со вас ама немате ни најмалце време да им се посветите! Да не ни пробуате! Срамота је! Ја да ви кажам наијскрено ем најправилно: да му се плукните на живото ваш ако сте дозволиле убајните да се надвладеани од грдостите од лујѓе и од лујѓе грдотии!

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 51

Да ви кажи дедо Громче: то шо грдостите од лујѓе и од лујѓе грдотии напрајле убајните да не се со вас, пред вас, крај вас, а ја би дорекол и во вас, то је тактика ем стратегија на оние на кои сте им дозволиле да ви се качат на глаа, па дури да ве натераат да коленичите, да измеќаруате ем да се лигавите пред ними. Кои се тие? Како кои?! Па кој му прај тактика и стратегија на мал ем слаб со голем ем силен стратешки партнер? Знајте, нели? Е па ко знајте, знајте!

Значи, тактиката ем стратегијата на стратешките партнери, преди сè на главнио и најјакио, је никако да не се заживеј со убајните во живото. Да, најпрвин мислам на своите, на оние напраени од наши во дамнешно и блиско минато, а потоа на оние шо ги прајме ние во нашево. Одозгора на то, партнерите во минатото собрале, да не речам украле од кај нас сè наше шо во моменато можело да се укради, та сега си го прикажуаат ко свое. Сега, ако не можат да го докрадат шо останало али сме го остајле ние самите да го јади забо на времето, го уриваат, го урнисуваат, го ништат, ни трага од нешто од то да не остани во северџганскава каалакурница. А ние то си го прифајќаме ко така ни било пишано! Со то се помируаме, та дури и ојме дотаму шо грдостите од лујѓе и од лујѓето грдотии ги прајме убајни, се препрааме ко да ни се убај. То је поготово со оние убајни шо се со трајни вредности. Дури почнуаме да се согласуаме со глупоќата на гнилио Запад оти убајната е минлива, се троши и со време сама од себе се менуа. Демек убајната погрешно се нарекуа убајна, а треба да се вика мода!

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 43

Да ви кажам прао, малку појќе време си посветив на убајните во живото, се подумав подлабоко и пошироко за ними. И знајте шо просто ми се наметна во умо, просто ми го окупира? Ми се наметна во умо, просто ми го окупира то шо од една страна на општата односно заедничката убајна ѝ ја одземаме вредноста ко таква, поготово трајната вредност, а од друга ко некаква лична одбрана од грдостите од лујѓе и од лујѓето грдотии си прајме сами, наши, лични убајни со кои се обградуаме и се браниме. И одозгора на то не ги признааме на другите, ко да ни се контра. Па уште одозгора на то сосе ними грдостите ги прогласуаме за убајни!

Од сè друго шо ми се наметна во умо, просто ме окупира, уште нешто ми се донаметна, а можам да речам и ме доокупира: поради заошто не се бориме со убајни против грдостите од лујѓето и од луѓето грдотии, и то сè дури не ги победиме и не ги фрлиме на буништето на минливоста на живото? Да не е поради зато шо не ни се јаки убајните, и ние со ними, али ние нејќиме да се бориме прибидејќи живото веќе ни стана до толку грд и со толку лујѓе грдотии, шо просто се научивме да не можиме без ними, та просто не ни се живеј?        

Ја ко ќе кажам кажано је!