Потребно време за читање: 5 минути

13. Слеп при очи, глув при уши, безумен при мозок

Здраво-живо народецу мој,

Си признаам и еве ви признаам дека сè почесто на едикојси од горнине ми иде да го констатирам ко слеп при очи или глув при уши, а богами во исто време безумен при мозок. Добро де, еве ќе ви допризнаам дека неретко на едикојси од нив му ги констатирам трите во едно. А одозгора на тоа со сè појќе секирација се констатирам самиот дека бројот на таквите едикојси од горнине од ден на ден и од ноќ во ноќ станува сè поголем. Не знам до кај ќе ни ојт работава со нив, ама е јасно ко бел ден и мрачна мракојна оту веќе ни ојт кон крајо. Па ако не се сепниме сите, ако не се прибериме заедно и со мене на чело на пример, маф ни е работава. Ќе нè снема, лујѓе!

Во секирацијава и нервозацијава првин ми е едикојси од горнине слеп при очи. Ја таквио ич не можам да го разберам. Му дал Господ очи, а тој слеп! Бар да се прај оту е слеп, а не да е. Да де, и ја знам дека меѓу горнине има и кои се праат слепи, па мојме да се надеаме дека ќе прогледа, ќе му пукни филмо пред очи и ќе реши да не се прај. Да почни да виѓава што е ко што е, а не замаглено, поматено, и црното и белото ко што се-црно и бело, појќе не розово. За таквио се вели и оту турил на очи розови окаљки, па кога-тогаш ќе ги истај и ќе почни да гледа со свој очи прибидејќи е слеп при очи.

Можи ли некој од вас да разбери, прибидејќи ја не можам, како можи слеп при очи да се добери до власт, да стани власт и да владеј со некој кој нито бил, ниту некоаш ќе биди како него? Се добрал до власт со припомош на такви ко него, слепи при очи? Можи, не велам дека не можи, ама како таквио со такви ко него владеј со народ?! Да де, и ја знам дека таквио и таквите ко него се слепи при очи оту со нив владеат ем туѓи некои, од сранствоно, ем кои не се. Таквите со таквите најдобро се разбираат, сранските наредуваат, а таквио и таквите ги слушаат и им измеќаруаат, се разбира со плајќање ко танте за кукуригу, а коа ќе прогледаат или народо ќе им ги опули очите ќе биде доцна за сè и за сите. Мене, лично и персонално, за слепио и слепите при очи уште едно нешто ми го мати умо: заошто едикојси од горнине е слеп при очи ако знај оту таквата слепота го води чоека во мракојна, во бестрагија, во небиднина? Гледајќум и виѓавајќи сè ко шо е. То ми личи на едикојси од горнине што се прај недоветен, будала до ниедно време, па во ниедно време ја се прај сам, ја го праат таков. Ама кој со грам ум и разум го прифајќа тоа? Нема таков! Значи, таквио едикојси на власт нема ни грам ум и разум.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

За слепио при очи меѓу средните и долните сега не сакам да праам муабет. Можи ко ќе си кажуам шо мислам за горните, средните и долните. А и едикојси слеп при очи ми е само за пример, за да ја конкретиризам колумнава, ко шо се викаат таквите ко моиве зборуања, докажуања и пишуања.

Шо се однесуа на глувите при уши, ко што е добро знајно тие се од поново време. Таквите се такви од мрмор, врева, викајње и грмејње на оние на кои нешто али сè им дошло преку глава. Демек слушаат, не можи да не слушаат, ама се праат дека се глуви. На глувите при уши им е смачено да слушаат едно те исто, као ништо не чини зато што ништо не чини, па решиле да бидат глуви при уши. Да де, и ја знам оту сите имаме уши, ама на глувите при уши ушите им се прво поголеми од оние што не се глуви, а второ им се розе али црвени ко да им е од срамој. Мислите? Како да не! Најпојќе им се розе али црвени од мрмор, врева, викајње и грмејње не на еден али на појќемина, ами на целио народ. На едикојси богами и од тегнење за уши ко на децата дамна, уште во мое детинство. На таквите просто им бучи во ушите, па некоаш се принудени да се зачуваат као глуви при уши со затнуање на ушите, да не им се оглушат. Користат и друг начин како да останат глуви при уши: од едно уво да им влегуа што им се кажуа и докажуа, а од другото да им излегуа. Демек брзо забраа што слуша, се прај дека не слушнал ко да не било за негоо слушање.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Лујѓе мои, ја не моом да не го потенцирам, нагласам и подвлечам она шо сум го забележал кај најпојќето од глувите при уши: ушите или им станале или се во фаза на стануање магарешки! То е последица на то? Шо знам, мојт да е, ама појќе ми се чини оту е од тегнење за уши од оние на кои понекоаш им боктисуало  од глувотијата при уши, та почнале да слушаат што просто не можи да не се слуша. Па оние што ги напрајле и ги држат такви-глуви при уши, просто мораат да ги тегнат за уши. Со други зборој, ушите да им ги праат магарешки.

Морам да те предупредам, народецу мој: магарешки уши немаат али не добиваат само глуви при уши, нито оние на кои одвреме-навреме во последно време им ги тегнат ушите, ами и на некои главни и во врвојте на живото наш насушен. Да де, нема ништо лошо кај магарето кое има магарешки уши. Оту не мојт да има други. Не знам дали знајте, ама ја знам оту нему магарешките уши му се ептен корисни. Ми текнуа дека то се врзуа за рамнотежата на темперетатурата на телото, слично ко големите уши на зајако. Магарешките уши кај глувите при уши на главните и во врвојте, пак, им се за да се видат сами и да ги гледаат главни и во врвој. За со време да ги припознаат и да ги приберат до себеси. Ме разбирате, нели?

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

За безумнио при мозок само збор-два прибидејќи нема многу што за зборење:

Мозоко на секој му е за ум и разум. Да де, мозок има секој чоек, нечоек и секој во животинскио свет. Некој поголем и голем, некој помал и мал. То не е важно. Важно е оту мозоко е за да работи и колку да работи. Од то произлегуа дека тој работи колку што треба да работи. Притоа, главно треба да работи што помалу. Ако работи појќе одошто треба, тогај мора да се преземи нешто што се вика перење на мозок. Тој се пере исто ко алиштата во старо и нашево време; во старо на камен и меѓу два камења, со чиста и бистра вода и со свински сапун, а во нашево, новово во машина за програмирано перење и детергент. На крајо од перењето се добива испран мозок, а чоеко со таков мозок е безумен при мозок.

Ти, народецу мој, знајш оту ја ко ќе кажам кажано је, па на крајо да го кажам она што треба да се памети од мене:

Слеп при очи е најчесто и глув при уши. За ко безумен при мозок да можи да владеј слепо, глуво и безумно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here