Потребно време за читање: 5 минути

23. Личноста

Здраво-живо народецу мој,

Многу долго и секидневно, не знам баш од кога им ги гледам суратите на првине лујѓе во власта, а особено на од првине до последните политичари, политиканти и јавни крадачи на народни пари. Нормално, ко секој ко ја, значи замислен и без ниедно влакно на јазико, и ја ги слушам таквиите шо зборат и дур` читаат шо им пишуат оние шо се платени за да пишат шо треба да зборат. Така шо можам да се заклучам и да ви го изнакажам мојо цврст став кој ко таков не трпи ни приговори ни поговори, без последици за мене.

Ставо ми је, лујѓе мои, тотално поразителен! Сакам да речам дека е дибидус за разочаруање, па дур` и за пајѓање во депресија! Со два-три збора: кај ниеден не сум сретил, нит` сум заглеал и доглеал права личност! Криви сами ми се покажуале ем докажуале, ама права ни за лек односно, ко шо обично се вели, за надеж и блиска переспектива. Треба да се објаснам шо ја подразбирам под личност, шо е то за мене? Прибидејќи мислам оту треба, еве да се објаснам,

Ич не се сомневам оту има некој меѓу вас, лујѓе мои, кој не знај шо треба да знај главно за личноста: то је чоек шо е пред сите и ко таков е со сите; значи, од старто на шо било се изделува од сите, им паѓа во очи, на сите им се глеа ко посебен; ко прво али последно е пораснат и не му треба појќе да расти, развиен е во сите елементи на развојо на посебноста, и е нормално зрел односно созреан односно дозреан.

Ја морам да истакнам при ова мое заклучуање оту коа чоек ќе чуе за некого оту е личност, преди сè и нади сè се помислуа на угледен и виден, значи истакнат и важен. Ја обично избегнуам да кажам за таквио чоек оту е големец на некој висок положај. Зато шо знам мнозина на висок положај шо не го заслужуаат оту се ниски ко лујѓе, значи положајо ич не го заслужуаат. Уште ако одозгора на то го стаам при то големството односно големштилако, демек со дигнат нос кој не му дозволуа да гледа подолу од носо и демек никој да се најди ни близу до него, тогај мислам оту ко дедо Громче сум ви јасен за таквио чоек ко нечоек односно сурат шо не е личност.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

 

Најдругаро ми Трпе, а и вторио ми најдругар Спасе од пензионерскио дом често ме дополнуаат оту личноста е преди сè и нади сè чесен и поштен. Ко да двете не значат едно исто! Ама не им праам атер прибидејќи толкуа им е знаењето. Па нормално е личноста да биди чесна. Ја би додал и доблесна. Е баш тој-доблесто мене ми е најважен кај личности на положај, а ми прај најголема секирација поради зато шо ич не го глеам кај моменталниве на власт. Особено кај оние на врвојте и под нив, а најособено кај политикантите и кај понекој политичар. Да де, мислам и на доброто, убоото и непорочното во чоек, ко и на смелоста односно храброста.

Да ти кажам прао, народецу мој, ја најмногу си удирам секирација поради зато шо во политиката и власта не сум сретил прави личности, на кои чоек не мојт ништо да им пришие, да им прилепи али да ги етикетира ко неправи. Најдругарите ми велат оту сум неарен во умо шо барам личности во власт која краде, корумпира, на која непотизмо ѝ је алфа и омега, ко шо се вели експертски за почеток и крај на роднинско и друго мило однесуање; со еден збор, која е мафија. Ја за мафијата си имам свое мислење, сум ја промислуал од А до Ш, особено во држава на мафија, ама коа е личноста во прашајне и одгоор мене ми е дибидус неприфатливо, просто не можам да се помирам со факто во власта да нема ниеден ни ниедна права личност. Најдругаро ми Трпе, а и вторио ми најдругар Спасе ме убедуаат оту то је зато шо се знај заошто е мафијата мафија. Ја им опонирам оту и во држава на мафија една е ко личност од аспекто на то шо секој го поштуа, дури тие до него и под него му се клањаат коа требит, а за слугуањето, покорноста и послушноста ич да не прајме муабет. Него го викат капо ди тути капи. Тие то не го разбираат оту не знаат ни да гукнат по итаљански.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Нека ми биди простено, ама мене сите ми се шушумиги, недоветни, томкаци и подлизурковци! Некоја личност меѓу нив? Ни со лупа ни со микроскоп, а ни со телескоп не мојш да доглеаш! Не бе, не вреѓам, то не ми је во карактеро, ами само ги кажуам сите големи и средни во власта на Северџганијава. За долните ич да не прајме муабет. Какви шо се, какви шо ти се докажани и стално ти се докажуаат тебе, народецу мој.

Ај да бидам конкретен колку шо можам:

На шо ви личи прецедник кој не знај правилно да си ја врзи  вратоврската, та му је со фалта ко на сукња? Ај то, ќе речи чоек ич не е важно. Нема врска со личноста ами со имиџо. А можи чоеко да не дозволуа да му ја врзуа жената му, а нему ич не му је гајле како му стој. Ама шо да речи чоек коа ќе почни да зборуа, да мавта со рацете и да го движи телото ко да игра чочек? И то је неважно? Неважно је и то шо окаљките му се ко поголеми од шо требит, па дури збори му се лизгаат на носо и мора стално да ги мести? Добро, а зборуањето? Ма немојте ве молам! Знајте како се вика чоек кому зборојте му излегуаат од уста пред да ги кажи, пред да ги избери, да ги селектира, со нив да го погодуа центаро на кажаното? Ви кажав. То је дел од личност? А бе ај!

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 47

Ама најпојќе од заошто тој ми личи на шушумига преди сè и нади сè, то је шо ја ни сум видел ни сум чул некоош коа ќе се појавел негде, па и меѓу своите, сите да станат и да го поздраат со ракоплескуање. Знајте заошто? Ја да ви кажам: зато шо не го заслужил то со ништо, зато шо не напрајл ништо важно, не создал ниедно дело по кое ќе се покажуа и докажуа ко личност.

Ај да бидам конкретен за уште еден: за вторио по првио, односно за премиеро. За него можам да речам дека досеа мене лично ми се докажал и стално ми се докажуа ем шушумига, ем недоветен, ем токмак, ем подлизурко. Не бе, не ми паѓа ни на крајо од умо да го вреѓам чоеко. Пак ќе речам оту то не ми је во карактеро. Само кажуам како мене лично ми се докажал и ми се докажуа. То ми је наочевидно коа излегуа на гооворница да прочита шо ќе му напишат негојте пишуачи и коа се среќаа и пречекуа моментални меѓународни фактори. Да ми простите, многупати при читање на напишано ми изглеа ко да је болен од некоја говорна мана. Ама најпојќе од сè тој не е личност поради исто ко за прецеднико: зато шо не напрајл ништо важно, нема ниедно дело, признаено али по кое ќе се покажуа и докажуа ко личност.

Ај доста е. Сеа толкуа од мене. За да важи шо важи за дедо Громче: ја ко ќе кажам кажано је!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here