Потребно време за читање: 3 минути

2. Апатијава

Здраво-живо народецу мој,

Да ви кажам искрено, многу нешта ми се вртат в умо кои никако не ги доумувам. Што ме вадат од такто, ме нервираат, дури ме распалуваат. Ми иди да појдам на некоја планина или во некоја шума  и да се изнавикам. Белки потоа ќе ми олесни на душа, на срце, белки некое време ќе бидам колку-толку спокоен. Ми иди, ама и брзо ми оди. На ова дереџе на кое нè напикаа сите досегашни власти, а особено последнава ненародна, прибидејќи не ја избра ти, народецу мој, не ми останува друго освен да си кажам што ми е во моментов прво. Значи, да мислам гласно односно да монологизирам. А тоа, првото во моментов ми е апатијава.

Добро бре, луѓе мои, што ви стана, што ви направија?! Велам ви, велам вам зашто јас уште не се давам. Ќе ме фати некое време, ќе ме држи, ама се опирам, запињам, ѝ удирам контра и сакала-нејќела мора да ме ослободи. А вас? Ве фатила апатијава, ич не ѝ се опирате, не запињате против неа, не ѝ удирате контра и таа си го тера своето. Своето? Да, заедно со нивното. Кое нивно? Ај не ме терајте гласно да кажам што знаете. Па на власта, се разбира.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Да ви кажам искрено, вакви, апатични не можам ни да ве познаам ни да ве препознаам. Ко ич да не ви е доста! Ко да можите уште да трпите што ви се прави и што ви прават. А бре, зар не гледате дека свето почна да се мајтапи со вас? Велат: што народ ќе  беше овој? Име му сменија, идентитето му го разнебитија, државата му ја украдоа, го крадат и на живо и на мртво, веќе за народ не го есапат, а тој стои во место со наведени глави, со премалена снага, само што сам не се ничкосал наземи.  Дури уште се теши со „Наведена глаа сабја не ја сечи“ и „Трпеж-крпеж“. Ај тоа, па уште ви е гајле ко да не ви е! Ако ве праша чоек како ви е, вие саде едно исто: „Има и бетер“.

Пред некој ден излегол со микрофоно в раце меѓу вас на улица еден младонадежен телевизиски репортер и прашува некои од вас што мислат за дереџево. Одговорот еден те ист: „Нема што да се прави. Тоа е тоа“. А видов и чув еден од старите со весело лице кој буквално ме извади од такто со тоа што го рече. Во последно време се фаќам себеси како се карам со телевизоро за што-годе. Сега си признавам и ви признавам: да не беше на телевизија, да бев со него тет-а-тет што се вели, ќе му удрев една жешка шлаканица. Стварно ви велам!

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Го праша младонадежниот репортер како со дереџево, а тој одговори поднасмеан: „Што како? Досега јадев три пати на ден, а отсега ќе јадам еднаш и ќе се преживее“. Ма, не само што ќе му удрев жешка шлаканица, ами ќе му опцуев мајка и шајка!

Му се развикав на телевизоро, односно на старио со насмеано лице:

„А бе, шутрак ниеден! Како си дозволил до толку да ти изветрее умо?!…Досега сме јаделе трипати на ден, а отсега еднаш! Дибек! Будала! Удрен со мокар чорап!…А зошто еднаш дневно? Ја мислам дека ти си спремен да преживееш и со полуеднаш, па и со ниеднаш…Гарант би можел и со ниеднаш јадење вчера!…Наместо барем да им опцуеш мајки и шајки на властодршциве што нè дотераа до ова дереџе, ти „И со едно јадење ќе се преживее“!…Ти мора да си од нив, од нивните! Гарант!“

Ви велам, луѓе мои, се извадив од такто и ако по вестите не пуштеа на телевизијата партизански филм пуздер ќе го направев. Ќе го фрлев низ прозорец, надвор, парампарче да се стори.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Добро бре, народецу, што да правиме со апатијава? Како да се справиме со неа? Како да ја надминеме? Како да ја поразиме? Ќе ви каже дедо Громче што да стори секој за себе, дури имаме уште време за наш спас од дереџево:

Апатијава иде од страв и од самотија. Мислам заедно и во исто време. Страв да не добиете ќотек невини, ама многу појќе страв од што има бетер и баш бетер да ви е после. Е, тој страв не ви дава ни глава да кренете ни снага да исправите, а ни цврсто напред да зачекорите. Самотијата, пак, не ви дава да здружите сили и гласови, па да згрмите, па и стапови да земете в раце и да удрите по властодршциве удирајќи му секому од нив сто стапа броејќи му еден.

И што да правите? Излезете, соберете се пред власта и молкома не мрдајте од пред неа. До кога? Додека не се решите мамето да ѝ го расплачете.

Ја ко ќе кажам кажано је.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here