Потребно време за читање: 4 минути

52. Вредностите и живото

Здраво-живо народецу мој,

Неколку дни се думав овојпат за шо ја ко ќе кажам да је кажано, а умо ми запираше на едно нешто кое и денес и утре гарант сè појќе ќе биди главно за опстаноко на народите во свето, поготово на нас ко народ од искони: вредностите. Веднаш се прашавте кои вредности? Одгооро ми је: не сè што вреди, ами сè што је вредност во живото наш насушен. Нема многу да ширам и должам, ќе бидам колку шо знам и можам да бидам сублимиран, ко што се стручно-експертски.

Прво да расчистиме за да не си напрајме проблеми: ја не мислам на вреднио живот. Он секому му је вреден колку шо му је. Мислам на вредностите во него, а кои му даваат смисла, содржина ем значење, кои го богатат живото, го радуаат, дури можат да го скокаат до небо. Мислам и на оној кого Господ го надарил сам да прај, да создаа вредности за себе и за други, та не је никој ко него! И во контексто да си додаам прашање на кое знам оти го знајте одгооро: може да замислите живото да го живејте со вредности деноноќно, значи опкружени, опколени, обградени со секакви вредности на секакви творци, а да не ви фали ништо дребнаво, ништо непотребно, ништо безначајно, ништо безвредно? То не можи? Ма како не можи! Пробајте вака ко ја шо сум проверил и ми се докажало: дребнавото, непотребното, безначајното, безвредното да ви биди само како голо али малу облечено живуркање. Ко шо се јадењето, облекуањето, трошоците за она без шо чоек просто не можи колку денес, толку за утре во смисол на лично напредуање на животнио стандард. Гарант и вам ќе ви се докажи то исто ко шо ми се докажало мене многупати досега.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Да расчистиме и второ: односите и меѓузависностите меѓу политиката и вредностите во живото наш насушен. Шо има да расчистуаме кога е сè дамна расчистено? Е не је баш сè, а поготово шо тие во нашиве дни и ноќи се сè подалечни и веќе ептен изрезилени. А бре, за срамота је ова во врска со овие. Се разбира, нормално је сè то да се поврзуа со политикантите ко политичари и творците кои ич не ја милуаат политиката. Ја нив ги поврзуам и со нешто трето шо је за жалење, смејање и исмејуање: културната политика која ни је сè понекултурна оти политиката во неа је крајно политикантска, без основна писменост и знаење да се разликуаат вредностите од секидневностите, дребнавостите, непотребностите, безначајностите, безвредностите. Баш зато во културната политика простаклако и примитивизмо се за жива срамота. Еве ви конкретно и детално:

Да ве прашам, луѓе, вие шо ко мене не пропуштате ниеден редок културен настан во град али на село, дали сте сретиле, сте виделе политичар на некој? Не на оние ретки шо се премиери, свечени, јубилејни и ти реков-ми рече, на кои се топорат во првите редој за да бидат сликуани за на телевизија, ами на редовните, шо се праат според редо на нештата или на репертоаро, ко шо се вели стручно-експертски. Па и на ними, отко се накотија црпнати од нива на село политиканти, облечени во свечени црни али сини костуми со црвени кравати, и ополитикантки во долги ем куси фустани со разни цветој, со напрчени цицки и високи шлицој за една нога, ептен ретко, да не речам никоаш нема да видиш ниеден и ниедна. Е дали сте се прашале заошто така? Ја ќе ви кажам: поради зато шо не знаат шо се то вредности и живуркаат со секидневности, дребнавости, непотребности, безначајности, безвредности. Дури и вредности во нивните домој, ко шо се книги наредени во регали али слики изнакачени на ѕидој, стануаат безвредности прибидејќи не им ни текиња да отворат и читнат некоја книга али да фрлат поглед на некоја слика. Поготово откоа некои од ними се обрукаја со употребуање на зборој кои не знаат шо значат, прибидејќи ко дипломирани или докторирани не учеле во основно и средно, али ги употребија ко да имаат некоја фалинка во устите. Ви текиња на еден прашан дали знај кој го напишал Идиото од Достоевски, а тој ко од пушка одгоори оти он се вика Толстоевски, сигурен оти истио тој ги напишал и Ана Каренина во војна и мир. А бе да пукниш, да се ничкосаш наземи од смејање.

Прочитај и за ... >>  НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, двостишија

Ами сиротана министерка за култура, со две-три илјадарки евројсани плата, шо им порача на писателите и другите културни творци да пишат и прават дела не за чемери, јадој и маки, ами за убајните, радостите и веселостите во живото, за забавуање на народо?! Е таа и таквата дели со шака и со капа народни пари за баш такви дела и проекти во рамките на мултикултурноста на етничките заедници ко делови од народи во државава ни. И шо? Никому ништо! То ви се вика, луѓе, некултурна политика, а можиме да ја наречиме без ич да згрешиме политикантска провинциско-примитивна опиночна култура. Ја баш би ја прашал и неа и еден по еден сите во владата, парламенто и партиите: дали знајте шо је то вредно дело, шо се прај со него? Дал`се јади, дал` се пие?

Ама ај да ги баталиме политикантските политичари…Шо ми беше муабето…А да, сега зборам за вредностите и живото.

Знајте, луѓе, во сушност шо је прво од сè прво? То је да се знај шо је то вредност. Не шо је вредност за секој од вас, ами шо је то општо, шо важи за сè. При то со то иди и убоото или естетското, ко шо би рекол стручен ем експерт за вредно. Ја да ви кажам шо знам од дамна до ден-денес: вредно и убоо е сè шо се знај шо је вредно, а се знај според критериуми, аргументи и факти пред кои, ко шо је познато и дамна затврдено, и богојте молчат. Кои се тие? Е не ме терајте сега да ви прекажуам и прераскажуам шо рекле и шо велат критичарите, естетичарите, филозофите и други учени. Заборајте за момент на бизнисо и политикантсвото ко политика, на интересо и парите, па земете некоја книга али книжуле на таа тема, читнете и поднаучете.

Прочитај и за ... >>  МЕНЛИВИ И НЕМИНЛИВИ ДРЕБНАВОСТИ, раскази/ескизи

За крај намерно го остајв можи најважното, а последно од сè важно: за ах тие пусти пари. Сега само ова во врска со ними: дали вредностите зависат од парите, исто ко секидневностите, дребнавостите, непотребностите, безначајностите и безвредностите? Како се одредуа колку пари чинат тие? Пазаро одредуа? Па зар има пазар на вредности?! Од друга страна: дали вредностите немаат цена, значи трајни и бесценети, та зато се купуаат ѓутуре, а оние шо ги создаваат и ги праат го крпат животецо, ни пристојно неживеат? Еве на пример: знајте за некој богат поет, од дамнина али од денес, мислам на оние шо знаат само да пишуаат поезија и ништо друго не знаат али не сакаат да работат и праат? Ја за таков ни сум чул ни сум разбрал.

Ај од мене олку доста, со потсетуање: Ја ко ќе кажам кажано је!