Потребно време за читање: 4 минути

51. Меѓу

Здраво-живо народецу мој,

Ич не ми текиња дали досега сум кажуал за кога не ми се збори за ништо со шо малу али многу би си го потормозуал мозоко, а ич не сум ни расположен ни за шо било од филозофски аспекат, си се фаќам за нешто без врска али со нешто во врска. Колку за релаксација, ко шо се вели стручо-експертски. Со други зборој, си праам филозофирање некое време и после ми је многу полесно. Ко да ми је рамно одоводе до негде. Ми иди оти сум кажауал, ама ич не ми текиња. Нејсе, баш сега  сум во такво расположење. Ми текна и решив да си удрам релаксација на мозоко односно едно филозофирање на тема која гарант никому не му паднала во умо, односно можела да му падни само на ваков ко мене, вашио дедо Громче: меѓу. Шо меѓу? Па то де, филозофирање на тема меѓу. Меѓу шо? Меѓу нешто и нешто во конретен и меѓу сешто и сешто во апстрактен контекст, ко шо би рекол мојо пријател Трпе кој, завалијата, стварно многу истрпе и трпи во последно време. Ај да не развлекуам, да си го почнам филозофирањето.

Првин и најпрвин сакам, луѓе мои, да расчистиме една работа ко дилема шо не је то: кога и каде има, а кога и каде нема меѓу. Има меѓу секогаш кај шо можи и треба, како и сегде во живото наш насушен кај шо се јавуа некаква дилема. Шо сакам да кажам? Сакам да кажам дека на секому кому му је живото насушен му се најдува али си наоѓа меѓу при каков-годе избор. Значи има избор, значи самио решава поради зато шо је решителен. Значи, то меѓу му иди али му се најдува за да си ја брани и развива димократијата. Прибидејќи, ко шо си знајте, нема, а нито можи да има димократија кај шо чоек не можи да си избира али да си се определуа меѓу. На пример меѓу добро и лошо, меѓу две зла, меѓу грдо и убоо, меѓу две убајни, меѓу паметни и будали, меѓу удрени и шо се праат наудрени, меѓу учени и неуки, меѓу приучени и недоучени; меѓу бизнис и политика, меѓу политиканство и мафија, меѓу власт и измеќаруање, меѓу луѓе од род и изроди, меѓу…Ај доста изнаредив. Вие можите да продолжите да си редите уште колку сакате.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Ама првин од најпрвин морам да се потенцирам со едно нешто шо просто напросто и буквално ме вади од такато. То је кога ќе чујам некој недоветен али политикантски пилиштар шо се мисли политичар оти се дограбил до некое ниво на власт дека нешто мораме оти немаме алтернатива. По нашински кажано, мораме оти немаме меѓу! Ме вади од такато прво поради зато шо то не можи да биди, оти никој ништо и никогаш не смеј да прифати оти нема алтернатива. Дури и ако го притеснат, ако веќе нема каде оти дошол на крајо али је за никаде. Поготово ако прај нешто накриво па дошло време да не можи да мрдни нито лево-десно, нито право-криво, нито ваму-таму. Има уште едно ако, и то од круцијално значење, ко шо се вели стручно-експертски: ако ти се одзеди демократијата односно правото на избор и во крајна инстанца правото на лична слобода. И морам да ви кажам кажуајќи си на себеси: последново меѓу ептен ме вади од такато во последно време. Знам отги погодуате од кого иди најмногу: со давајгазовциве и апашиштава кои ни ги натурија на власт. Та сега ни пукаат глајте од ними, а никако да се сепниме, да се крениме на нозе и мамичето нивно да им го расплачиме. Демек: немаме каде, немаме како и немаме шо, значи немаме меѓу, немаме алтернатива, па мораме ко шо ни је наредено и ќе ни се нареди. Како бре немаме, токмаци низаедни?! Нас сте нашле да нè замајувате?! Море мамичето ваше…Слушнете го дедо Громче шо ви вели, шути ем рогати, мафијашки давајгазовци: секогаш и сегде има меѓу, па и кога вие ко папагали безумни повторуате оти мораме! И то најмалу меѓу две, три и појќе алтернативи! И ова ќе ви го кажи дедо Громче: без меѓу ништо!

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Ух!…Чекајте малку да се смирам…

Шо ми беше зборо? А да, за меѓу. Не бе, не продолжуам со политиката. Сега веќе немам нерви за неа. Ги истрошив. Сега и овде сакам да се потенцирам на едно многу познато меѓу, а кое според мене е можи најважно за сегашнинава и переспективната иднина на нас како свесни ем самосвесни поединци и на нас ко народ и малцинства: меѓу чекано и наковалната.

Се задржуам на две најважни нешта во врска со то: како изгледа меѓу чекан и наковална, и да си сосила али добро волно стаен за да станиш она шо му требаш и ко шо намислил да те напрај, препрај али допрај стратешки партнер, сè да биди по негоо и за да му бидиш во корист али да измеќаруаш.

Како изгледа меѓу чекан и наковална? Да ви кажи дедо Громче: то изгледа ко да си стаен во небрано, ко да не знајш како глава да крениш од маки и јадој. Па ти је сè рамно и шо сака нека биди. То споено се вика рамнодушност. Добро де, и ја знам оти има такви шо им се заарнило цел живот да бидат меѓу, поготово меѓу чекано и наковалната, па не ни помислуаат, а камо ли да замислат да бидат меѓу едно и друго нешто. Но знајте кои се тие? Тие се оние шо други под ними стаиле меѓу чекан и наковална.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Ако си од железо, ко железен чоек, то најдобро го знај ковач. Знајте шо ќе ви речи? Ќе ви речи оти ич не му се бендисуа кога железото само добро волно, просто со ќеф ќе се стаи меѓу чекано и наковалната. Кога ќе види таков легнат али клекнат на негоата наковална, му иди да го мава со чекано со сета сила сè дури не го истанчи шо да не можи самио себеси да се припознаа. А знајте шо ќе ви речи кога ќе прај нешто асолно од парче железо? Ќе ви речи оти не му прај голем ќеф мавањето со чекано, колку шо му прај ко ќе го стај во оган, па ќе го распали огно со мево дури то не стани ем жар црвено ем меко, па со удирање ќе го витка ко шо сака, па па ќе го стај во вода да се олади, па после па во огно, па ќе го дотеруа…А бе шо мераци, со зборој не можи да се прикажуа.

Е сега: што сака ковачо да ви речи со реченото? Сака да ви речи оти му је многу тешко ем мачно ем жално на стаенио али стаеното меѓу чекано и наковалната. А на оној шо го стаил, пак, баш му је гајле шо ќе излези од него на крајо. А и ова сака да ви речи: тој шо го стаил мисли злонамерно, та си го удира со чекано кога ќе му текни али ако види дека му спрема некоја дубара, некое спротивставуање, нешто ко револуција. Поради зато му је секогаш при рака менгеме. Особено то да се знај и да си го знајме.

Ко ќе изнакажи нешто дедо Громче, то је кажано!