Потребно време за читање: 4 минути

10. Бистрењето политика и власта ко таква

Здраво-живо народецу мој,

Да ви кажам прао, ја за бистрењето политика никоаш многу не сум зборел зато шо неам шо многу за зборење. Ама шо да праам, ко сега, коа ме прашуате некои од вас за то, али не ме прашуате ама одвреме-навреме си се прашате што мислам ја, ко дедо Громче, поготово оту знајте дека ептен ми лежи то-бистрењето политика. Па така, прашан-непрашан имам многу шо за кажуање, дури никоаш доста. Ко на пример сега.

Да ви кажам, лујѓе, мене лично и персонално ем ми лежи ем ми се бендисуа бистрењето политика. Не знам, можи то иди со годињето, ја дотерав до баеѓи, ама и ко иди има некои предуслови без кои не можи да биди. То прибидејќи ич не е лесно да бистриш политика, поготово коа ќе се најдиш главен во бистрењето. Ко на пример ја секоаш.

И така, си се наоѓам ја одвреме-навреме во друштво со моине пензионери и понекоја пензионерка, на пример во паркон, на кејон, на ридон над градон, на по едно кафе во некое кафуле. И едно-две кусо ќе разврзиме муабет за ова, за она, за нешто, за сешто, се разбира со нужна проверка кои од отидените во неврат, сакам да речам од умрените се помлади али постари од нас, особено дали ни се знајни или не; можи бивши колеги, пријатели, ближни. Велам, ќе разверзиме кусо муабет за то сè, па оп…нема шанца да не ни дојди на ред бистрењето политика. И нормално, веќе кажав, врти-сучи мене ко дедо Громче ми иди да го земам главнио збор, а другите да слушаат и понешто да потпрашуаат.

Вака, со мали измени во тематскио ред односно во однос на конкретните собитија ми оди воведнио збор:

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Да се разбериме ко уште разбрани, мои сопатници пред умирачка, која ко шо си знајме ни ја реди Госпо. Сите знајме дека нема многу аир од бистрење политика. Меѓу то, неаме друго чаре освен да ја бистриме ко гледаме, слушаме, читаме и се вадиме од такатот оти ем ја матат оние шо се длабоко заглибени во неа, ем им дозволуаме да ја матат од нас непречено, ем им ја трпиме као таква, од матна поматна. Ај то и така и така, ама уште и нам ни го матат умо ко да мора да е таква оту матењето зависело од сранскио фактор, поготово од стратешкио партнер. Како да не, како да не! Лажат и сушат од лажење. Во случајов ептен многу сушат лажејќи нè. Туку…ај да ги баталиме матачите. Да го довршам воведниов збор за бистрењето политика. Сакам да речам за нејзината асуштинска суштина.

Се бистри политиката во мафијашка држава, во држава на мафија и во исполитизирано општество. То дефинитивно! Да де, коа велам држава на мафија, мислам на мафија која води главен збор во неа, особено во бизнисо директно и индиректно врзан со политиката. Коа велам држава на мафија, мислам на држава во која е на власт мафија. Другпат детално ќе ви зборам за ова. Коа, пак, велам исполитизирано општество, мислам на општество во кое на сите граѓани, значи и оние што се ограѓанизирале, оние што уште се ограѓанизуаат и оние што само што почнале да стануаат граѓани, значи уште се во опинци и народни носии.

Сега накусо да се задржам, на бистрењето.

Јас сум длабоко и широко, а богами и долго и кусо убеден оту ние бистриме политика ко насушна потреба поради зато шо ни треба бистра и не мојме да ја трпиме матна. Ја бистриме одвреме-навреме, во последно време богами сè појќе и поначесто, поради зато шо никако не мојме да ја избистриме. Секоаш нешто матно во неа ни остануа за бистрење.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Да го земиме за пример односо меѓу позицијата и опозицијата. Ја лично и персонално не можам да се изначудам, понекоаш и ми се смачува коа слушам дека позицијата ни била ептен стабилна, само шо проблем праела опозицијата оту не сака, па и не знае да биди конструктивна. Види мајката! Како можи некој ко опозиција да се бори да ја освои власта конструктивно?! Да не мојт чоек да се изначуди на таа глупоќа. И што значи неконструктивно опозиционерство? Замислете го уште ова: позицијата на власт е дибидус неконструктивна, сакам да речам тотално деструктивна во однос на сегашната перспектива на државата и општеството, а опозицијата која мора час поскоро да ја собори, да ја ничкоса наземи дејствува конструктивно. Ако некој од вас можи ова да го избистри, нека повели. Прибидејќи знам дека не можи никој од вас, другпат ја ќе пробам да го избистрам.

И така, лека-полека дојдовме до она што го врзав и директно и индиректно со власта ко таква.

Власта ко таква, лујѓе мои, е никаква! То прво! Друга таква никаква власт ја не знам во свето. Шо е ова бре!? Кај ги најде овие и вакви меѓународнио фактор, конкретно стратешкио партнер? Од една страна владеат и страв во коски ти втеруваат, народецу мој, за да не ти текни да почниш да рипаш, да не се расрдиш и на клоци да ги избркаш од фотелјите. А од друга те крадат ли крадат, до гола кожа те испокрадоа. И никому ништо, никој не одгавара за ништо, камо ли во зандана да се стаат и да им се одземи украденото. То ли е власт? Е не е! Е шо е власт? Еве ја да ви кажам!

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Власт не е власт за владејне со народо, ами, ко шо е знајно коа е збор за демократијата, демос и кратос нели, за владејне на народо односно во негово име. Значи, народо избира власт за да владеј не со него, а со државата и општеството. То ко прво. Ко второ, власта не треба да владеј ами да работи за денесо и утрешо на народо. Ја разбирате суштинската суштина во разликуањето? Знам дека ја разбирате…И ко треќо, народо ја плаќа од него избраната власт за да работи за него, а не да го кради. Сега белки ви се разбистри, ви ја разбистрив работава. Јасни ви се собитијава во однос на односо меѓу бистрење политика и власт ко таква шо е никаква.

Шо да ѝ прајме на нашава власт таква ко никаква? Како шо?! Треба да ја собориме, да ја ничкосаме наземи. Со борба, ако треба и гради в гради? Па да! Нема друго чаре! Ја ко ќе кажам кажано је!…Кој ние? Како кој?! Па сите ние, заедно ко едно. Младите и зрелите напред, во првите редој на фронто, а ние  со нив фатени за раце или зад нив; кој како можи, колку шо е жив и го крепат нозете…То не можи без предводник? Н е знам. Ако не можи, еве ја ќе се клаам на расположуање. Зато шо ваква влас ко ваква е никаква и не се трпи.

Сега можам ја и за едно треќо и четврто врзани за двеве-за привилегиите и принадлежностите. Ама ај ќе ги остаам за другпат.

Ти знајш самио: ја ко ќе кажам, кажано је!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here