Потребно време за читање: 3 минути

11. Шо прајме дур` ни праат?

Здраво-живо народецу мој,

Денојве и ноќиве многу ме мачи прашајнево од ова што е од многу одамна: шо прајме дур`ни праат? И уште појќе ми прај секирација одговоро: ништо не прајме, а ни праат сè попојќе денес од секое вчера. Се разбира, не мислам на арното праено и напраеното, оту е џабе да мислам кога ќе избројам, издумам и измерам колку е малу тоа, ами мислам на од лошото полошо.

Сега сум на два ума: дали да ги конкретизирам едно по едно лошите рабоќе и лошотилаците шо ни се праат, кои добро ги знајме и на своја кожа ги осеќаме, али да зборам за нив онака општо, ко едно за сите и да се концентрирам на шо прајме ние. Шо ако ги конкретизирам? Кое фајде? Може тие шо ни праат да се сепнат? Ма тие не се ни занишуваат коа некој ќе ги праша заошто прајте ова, заошто прајте она; камо ли да се замислат, па бар да престанат да ни го праат ова и да почнат да ни праат друго, бар малу поарно, полесно, пореално и понадежно.

Се пресекувам и решавам да сум на еден ум: за шо ни праат онака општо, а ќе се концентрирам, конкретизирам, ќе се нафрлам на она шо го прајме, на она шо не го прајме, а досега требаше да го прајме. И веќе ни нема спас ако од утре не почниме да го прајме.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 40

Добро бе, народецу мој, заошто не прајме ништо дур` ни праат? Прајме нешто колку да прајме? Како да не! Ништо не прајме, а не праат шо треба ни оние шо ко божем нешто праат за наше добро! Од друга страна, контрашите ненародни на власт ни праат шо сакаат и шо ќе им наредат и ќе им платат за праење. Се разбира, тие ни знаат ни можат, а не ни сакаат да ни праат шо треба, за наше добро да ни биди денес за утре уште подобро. Ама друго е уште полошо за нас од нас: ние ко народ исконски и слободарски дозволуваме да ни праат и ништо не прајме дур` ни праат; па ни пред тоа, па ни потоа.

Ај да се примеросам онака општо за крадбата на твои пари, народецу мој. Се отепаа од крадење и отепани уште појќе крадат. И ич око не им трепнуа! Знајш колку досега испокрадоа? Нит` знаеш, нит` некоаш ќе дознаеш. Ај тоа, знаел-не знаел веќе ни дојде на исто, ама како можи никому ни влакно да не му фали на глава ни малу да се затреси? Па згора на тоа и оние шо треба да ги судат се во нивни раце, па згора на тоа во нивни им е толку арно шо да не можи да им биди поарно! И шо треба да прајме дур` не крадат, ни праат и кај се и кај уште не стигнале и кај допрва ќе стигнат? Добро, ај да ви кажам!

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 48

Треба да почниме да ги фаќаме крадачите. Добро де, не сум наивен да не знам дека то апсолутно не е лесно оту се во прашање секаквеци и никаквеци на власт. Ама ја, напротив, мислам дека е то од лесно полесно! Знајте шо треба да прајме, лујѓе мои? Можиме само едно и ништо друго: да земиме стапој в раце и право кај шо се напикани крадачите на власт, пред нивните велелепни згради и канцеларии. Па секој шо ќе влези и шо ќе излези од нив од нас да добие по сто стапа, а да му се бројат еден. Исто ко во пусто турцко! Значи, прво стапој, а после на судој, па во зандани и, најважно, назад сè шо украле и сокриле кај било. И најпосле, по сè тоа, сите до еден мрачина да ги изеј!…Ако некој мисли дека претерувам, нека проба да смисли нешто друго, да речам поблаго и пофино.

Некој рече оту сето то не е спроведливо? Ами и не треба да се спроведи! Достатно е тие да си знаат што ги чека тогаш и тогаш, до тогаш и до тогаш, а еден, два-тројца, преку сила четворица да закркаат ако не да окркаат нешто, па ќе видите што ќе се случи…Ја да ви кажам што ќе се случи? Ќе ви кажам: ќе се случи шо не се случило досега не само кај нас, ами никаде во свето. Крадците во власта, појќето од нив сами ќе бараат да им се суди, ќе признаат дека краделе, шо и колку украле и ќе се нагодат казните да им бидат поблаги враќајќи го испокраденото…Шо? Не ми верувате?! Па не ви е мал примеро со оној шо се нагоди со враќајње на не знам колку станој и милиони пари. Добро, пикнат е во затвор поарен од дома му, ама важно признал дека те крадел, народецу мој. А ти засекоаш ќе го знајш ко крадач.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Можам уште многу за шо прајме дур` ни праат, ама нека е сега доста. Да си кажам на крајо ко шо си кажувам секоаш: ја ко ќе кажам, кажано је!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here