Ice Glacier Iceberg Glacial Water Landscape
Потребно време за читање: 2 минути

Наспроти тврдењата и предупредувањата на мнозина во светот, еден руски научник тврди дека наместо затоплување на Земјата ќе настапи заладување!

Имено, силата на светлината на Сонцето полека опаѓа и ќе го достигне минимумот, ориентационо, до 2041. година. Тоа ќе биде причина за значајно заладување на Земјата која веќе почнала да ја губи топлината, тврди Хабибуло Абдусаматов. Сонцето повеќе не може да ја грее како порано, а глобалното затоплување што го предизвикува човекот е чист мит.

„Глобалното снижување на температурата на Земјата може да почне овие години“, тврди шефот на Лабораторијата за вселенски истражувања на Главната астрономска опсерваторија на Руската академија на науките.

Нашата планета од 1998. до 2005. минала низ „шпиц на глобално затоплување“, условен главно од долготрајното зголемување и невообичаено високото ниво на силата на сончевата светлина во текот на целиот 20. век“.

Според мизлењето на научникот, сега силата на сончевата светлина полека опаѓа и ќе го достигне минимумот, ориентационо, до 2041. година. Тоа ќе биде причина за значајно заладување на Земјата која веќе почнала да ја губи топлината.

Прочитај и за ... >>  За соленоста во океанот

Меѓутоа, термичката инерција на океаните донекаде ќе го одложи процесот на „фундаментално ладење“ на Земјата, па шпицот на глобалното заладување се очекува во периодот од 2055. до 2060. година.

„Таканаречениот антропоген „ефект на стаклена градина“ нема да може посериозно да го забави очекуваното заладување, бидејќи таа појава не влијае суштински на промената на климата на Земјата“, истакнува Хабибуло Aбдусаматов.

Во последнив години температурата на нашата планета практично не расте, иако за тоа време концентрацијата на јаглен двооксид во атмосферата е зголемена за повеќе од 4%.

„Големите природни зголемувања на концентрацијата на јаглен двооксид во атмосферата се случувале уште во прединдустриската епоха,“, потсетува овој научник, нагласувајќи дека тие процеси никогаш не доведувале до глобално затоплување, туку секогаш доаѓале по затоплување, со извесно задоцнување-како негова последица.

Заладувањето ќе доведе до значајно зголемување на површината на снежно-ледениот покривач. Тоа ќе ја намали апсорпционата способност на површината на Земјата, а наедно ќе се намалат и количествата на водена пареа и јаглен ддвооксид во атмосферата. А водената пареа е главен фактор на „ефектот на стаклената градина“.

Прочитај и за ... >>  Мамутите повторно на Земјата?!

Во тој случај, може да се очекува драстично додатно засилување на заладувањето поврзано со промените на Сонцето.

„Динамиката на брзината на растот на вкупната површина на снежно-ледениот покривач, како и намалувањето на концентрацијата на топлотни гасови во атмосферата при фундаменталното заладување е мошне тешко да се прогнозира. Познато е дека концентрацијата на јаглен двооксидот во атмосферата во ледените периоди од историјата на Земјата секогаш била, отприлика, двојно пониска од денес“, заклучува Хабибуло Aбдусаматов.

Претходен написСекој збор-судбина! Со знаци, звуци и воздиви.
Следен написДрастично опустошување на живиот свет во океаните

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here