Потребно време за читање: 3 минути

3. Фамилијата

Здраво-живо народецу мој,

Лујѓе, што прајме со фамилиите ни? Прајме нешто или не прајме ништо? Да прашам што праат фамилиите за нас, мислам за мене и за тебе? Ај не прашувам за сега и за овде!

Добро бре, лујѓе мои, прашав што прајме оти то ми е главно, во сегашново време, ама не мо`м попрво да не прашам што напрајвме?

Ја да си кажам за мене и за вас, а вие не мора ако си се прашате: кога ми е на умо фамилијата, за срам сме што напрајвме! Ептен сме за срам! Не знам и никако не разбирам како дозволивме до толку да сме за срам…Ма за жива срамота сме!

Сакам да си удрам и да ви удрам една голема критика прибидејќи дозволивме и во однос на фамилијата да прифатиме едно од гнилио Запад, а за да бидеме ем прозападни ем појќе од западнине: дека фамилијата е старинска, традиционална направија и просто напросто не може да биде модерна, демек да се вклопи во модернизмо. Да речам инаку, како застарена односно традиционална, таа просто напросто му пречи на модернио живот. Како да не! Види мајката!

Да ви кажи дедо Громче за да си знајте и нико`ш да не заборајте: фамилијата е темел на чоештината! Без неа чоеко не е и не можи да биди чоек.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Да се доречам:

Отко` ќе се роди дете, тоа почнува да се прави чоек најпрвин во фамилија, а после во друга заедница и општеството во целина. Точно, додека се прави во фамилија со време се вклучуваат системите ко што се образование, воспитание, култура, наука, политика и ти реков-ми рече. Е сега: како дете да се напрај чоек ако праењето не почни од фамилијата? Дедо Громче ви вели никако! Дедо Громче ви доречува: без фамилија чоеко се прај нечоек!

Туку, да не забораам на уште едно нешто ептен важно во врска со фамилијата или, ко што се вели стручно, од курцијално…не ми оди баш со странскиве зборој ко модерни во нашио јазик…од круцијално значење: фамилијата отсекоаш била, секоаш е и засекоаш ќе биди најорганизирана заедница. Па, прибидејќи е така, така е и со државата. Имено, сакам да речам дека асолна држава не можи да биди ако не е поставена, организирана и ако не функционира како фамилија.

Да ви кажам искрено, лујѓе мои, во последно време ја многу се секирам кога ми е во мислење фамилијата. Некоаш ми иди да пукнам од секирација. Досега не пукнав само заошто и ја ко секој од вас сум решил надежта да ми умре последна, ко што ѝ е од Бога пишано. Па се надеам дека скоро и брзо ќе се свестиме, ќе се свртиме кон правио живот, пак ќе откриеме и ќе научиме ако не ни е откриено и знајно колку вреди фамилијата, колку ни е таа во темело на праењето на чоеко чоек. Се разбира, свртувајќи му грб на гнилио и потрошувачки западњачки живот. За пак ќе почниме да живејме фамилијарно.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Не знам дали треба да ве прашам, ама ај да прашам: знајте  како се живеј фамилијарно, нели? Верувам дека знајте, ама ја да ви кажам за да поднаучите или да донаучите: фамилијарно се живеј со род, со ближни и блиски, односно со најтесни, потесни, пошироки и најшироки припадници на фамилија. Ама не да се живеј туку-така, колку да се речи дека се живеј, туку суштински. Значи, дење, ноќе, секоаш врзани и поврзани, подржувачки и спомагачки, споделувачки, разбирачки, радувачки и никоаш заборавачки. Разбирате, нели? Од сè тоа ја ги акцентирам последните три.

Кога ја би се прашал, ко дедо Громче, ја само едно би сменил во фамилијата; за да се модернизира што се вели, и тоа во правец на развој на демократијата и слободата во неа: наместо патер фамилијасо, ко што се вели странски, мислам на најстарио кој мери и сечи колку има ум и ука, или остатоко, рудименто…еве, пак ми се пикна во говоро странски збор…остатоко од прастаро време-матер фамилијасо, ја би вовел колективно решавање. Би вовел решавачки и решителен Совет на умно-искусни старци и млади учени односно ептен стручни односно…ај пак да се изразам странски…експерти.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

А би напраил уште нешто за фамилијарна живеачка: би го афирмирал, максимално и секидневно би го маркет…маркетирал односно би го…рекламирал фамилијарнио живот на имот ко целина. Без никому никоаш ни на крајо од умо да не му падни на ум да го дели. Ма исто ко да е асолна држава.

Да не останам недоречен и недокажан, да ве прашам и да си одговорам: знајте што е то мафија, а? Ја во меѓувремено читнав на Интернето и сега знам: то ви е организирана заедница ко фамилија која се организира за работење мафијашки. Мислам дека на италијански мафија, меѓу другото, и значи фамилија. Е сега, да не се детализирам, само ќе ве ставам во мисла: заошто државата најтешко се бори против мафијата, заошто во држава како фамилија мафијата не можи да дојди до израз, а заошто, напротив, на држава на мафија никој ништо не ѝ можи?

Ај за сега толку од мене. И да не се забораа:

Ја ко ќе кажам кажано је.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here