Потребно време за читање: 6 минути

7. Срдитост, омраза и пцуење

Здраво-живо народецу мој,

Овој твој дедо Громче е ист ко ти. Нормално оти си мој народец и сум твој народен, па и сенароден. Да ти кажам искрено, баш то по малу ме теши и баш то ми задава грижи и секирации дење, а богами сè појќе и ноќе. Мислам на срдитоста и омразата и со нив, меѓу нив или по нив пцуењето. Знајте заошто? Поради зато оти сите три стануаат сè поголеми, се шират од нас и ко огин се разгоруаат. Ко да сме на ветромет. Не, не сум ти контра коа велам ко да сме, се слагам со тебе оти ептен и предолго сме, ама знам дека се слагаш со мене оту сме на ветрометов предолго, па сè појќе е за грижа и секирација што срдитоста и омразата, а со нив, меѓу нив или по нив и пцуењето сè појќе излегуа од нас. Најпрвин прибидејќи мои сигурни извори во власта ме информираа дека поради уплав од тебе таа се спрема да презема конкретни дејанија против твоите видни луѓе! Се спремале и против мене оти и мене, лично и персонално ко дедо Громче ме сметале за еден од нив.

Да ви кажам, лујѓе, ја ко дедо Громче неам апсолутно ништо против срдитоста и омразата, а богами ни против пцуњето со нив, меѓу нив или по нив! Напротив! Сите три ги сметам за нормални коа власта има уплав од вас. Тоа значи дека терала како терала појќе против одошто за, терала па претерала и вие веќе нејзиното терање не можите да го издржуате, да го поднесуате. Сакам  да речам дека уплавот им станува сè појќе голем зато дека вашата срдитост е сè поголема; просто се излева ко бистра вода од вас, а тоа излевање богами е сè потешко да се контролира. Поготово што вие неа сè потешко можите да ја самоконтролирате.

Чоек станува срдит кога некој али нешто ќе му дојди преку глава или ќе му се качи на глава. Во контекстов мислам на власта. И добро е што таа, срдитоста ви се излева. Замислете, лујѓе, што би било коа би останала во вас, би растела,  би се ширела во вас и ко оган би се разгоруала. Па ќе се изразболите, лујѓе мои, и то неизлечиво! Поготово е добро што ви се излева ко бистра вода. Уплавот на власта е од предолго пливање во матна, веќе не знај да плива во бистра нито матната да ја бистри, та бистрата излеана од вас брго ќе ги удај. Со два-три збора, народецу мој, биди ти што појќе срдит, покажуј си ја срдитоста и биди сигурен дека најнакрај ќе им го најдиш крајо на овие на власт и ќе стајш нови на власт кои ќе почнат пак одноо прибидејќи не остана ништо од арното старо.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Веќе реков и пак ќе речам: ја ко личен и персонален дедо Громче неам апсолутно ништо и против омразата. Ај нека ми кажи некој од вас, лујѓе мои, заошто да имам?! Знајте што е омразата, по моему пизмата, нели? Кој не знај, ја да му кажам, па после да го слушнам таквиот да кажи дека никого и ништо никоаш не мразел, нито ќе си дозволи некоаш да мрази: омразата е првин неријателство не спрема кого било и што било, ами спрема конкретен непријател; потоа е таа одбивност спрема некој али спрема нешто, што му иди исто ама не е прибидејќи одбивноста спрема некој не мора да е тој некој непријател; и ко трето и најнормално контра, таа е контра на љубовта.

Прво да расчистиме во врска со третово: омразата е контра на љубовта кога не е вратена односно возвратена, а можи да се роди кога ќе биди на пример изневерена. Со два-три збора речено, то значи оту од љубов се родила омраза односно љубовта се престорила во омраза. И прибидејќи таквата омраза е директно или индиректно поврзана со љубовта, таа е обично многу силна, просто бескрајна и трајна, ама со малу последична.

И за одбивноста нејќум многу да зборам, а и нема многу за зборење. Некои велат дека таа е исто што и злобата. Ја не се слагам, а гарант не се слагаш ни ти, народецу мој. Просто речено: може нешто да ми е одбивно, ама тоа нешто да не прај злоба во мене. Нели така?

Сега за омразата првин ко непријателство:

Можи чоек да го сака својот непријател? Како да можи!? А можи да се бори против него ако нема ништо против оту му е непријател? Обична будалаштина! Озгора на тоа: ја не го мразам својот непријател, туку напротив го почитувам, ама ми е непријател и морам да го удрам кај што најмногу ќе го доболи и кај што му е силата најтенка. Па уште озгора на тоа: прибидејќи го почитувам, отко ќе го победам ќе го сторам пријател! Како да не бе! Да можело така, по прва војна не би имало втора, трета и којзнае уште колку по неа. Непријатело е непријател и точка! Да не зборам долго и широко за…како се велеше…ин…индок…тринација! Демек заразуаш генерации да бидат соседи кои кога-тогаш ќе те освојат, земјата ќе ти ја турат во окупација и тебе ќе те напраат ист ко нив, ќе ти напраат асимилација. А бе ај! Добри соседи отсекоаш се добри и нема потреба од никакво договарање да бидат добри.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Туку, едно друго ми е во умо и не смеам да го прескокнам односно да го премолчам: говоро на омраза. Добро бре, лујѓе, кој  бил тој толку будала да му текни таква будалаштина?! Ја не знам, ама знам дека чоек со малу акал не што би се смеел, ами наземи би се ничкосал од смејање. Замислете само: мразиш некого, не можиш ни да го смислиш, а камо ли да го поднесиш, недајбоже да ти излези пред очи, а власта можи во зандана да те клај ако говоро ти е говор на омраза. Демек толку го мразиш што не можиш со омраза да го говориш. Па прво и прво, тој што го мразиш и недајбоже да ти излези пред очи нејќиш ни А ни Б да му кажиш, а камо ли каков годе говор да му прајш! Второ и второ, заошто во зандана да те клаат ако му кажиш вака или онака оту го мразиш, по моему му имаш пизма? Трето и трето, никој никого не мрази за ништо или за џабе. Мора да има нешто за мразење. На пример, го мразат мали и долу оној што е голем и погоре од нив, па озгора на тоа станал голем горе како било, посебно ако е само со свои сили, знаење, дело и снајдуање. И што? Треба да се праат наудрени дека не го догледуаат и оту не им пречи, па да не го зборат со говор на омраза? Знам што велите: говоро на омраза, по моему пизма, не смеј да биди јавен прибидејќи така се ширела пизмата и можела да изроди уште поголемо непријателство одошто е. Ама што прајме со молко на омразата?! Ја ко дедо Громче мислам дека баш тој, молко на омразата, по моему пизмата, е многу поизродлив односно многу појќе го разгоруа непријателството. Ја ви велам, лујѓе: кога ја би се прашал, ја би удрил баш по молко на омразата, дури за то и во зандани би клаал.

Е, сеа најважното, можи клучното за соботијава и калта до гуша во која не турна и нè турка власта; она што е меѓу, со или по срдитоста и омразата: пцуењето!

Да ти кажам прао, народецу мој, ич не ми е за прифаќање, ама коа чоек не можи да издржи…Мене ми прај сè појќе секирација то што се пцуе сè појќе. Ма на секој втор, трет, чеврти збор иди пцост! Некој дури ни здраво не ти вели без да ти опцуе мајка, шајка, брат, сестра, род до седмо колено, да не ти кажи што ти мисли и како ти мисли. Можам да редам примери колку сакате, ама да ви кажам прао баш сега не ми е до пцуење како пример. Само едно што сум забележал и ич не го прифаќам: некои се бранат со култура, демек со пристојност, дека не сака да биди вулгарисан (проверив во речнико, то да ти значело груб чоек, упростачен), а прибидејќи му дошло да опцуе, пцуе со стишуање или премолчуање на меѓусогласка или меѓусамогласка; при пишуање на пцост за тоа се користи со испуштање и на тоа место ставање некој знак ко ѕвездичка, запирка, точка или нешто друго. На пример: Да ти ја е*ам мајката! Или: Пи.ка ти мајчина! Или: Да ти го турам ку`o! Па оди сега ти разбери го пцуењето. Некои итри, пак, ја превртуаат пцоста ко демек да се подразбира. На пример: Мичка ти пајчина! Па ти прашуај се што му значи то.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 50

Прво и најпрво: ја ич не мислам дека пцуењето е вулгарно односно грубо, уште поодносно простачко. Каква врска има со култура, демек пристојност то дека ти иди да опцуеш нешто или некого? Ти иди и готово! Ако опцуеш бар малу ќе се смириш, а ако не опцуеш ќе ти биди уште побетер. Вие, лујѓе мои, сè појќе пцуете и ја ко дедо Громче ептен ве разбирам заошто: па ви дошло сè преку глава, на глава ви се качиле, веќе не можете да издржите и ќе пукнете ако не опцуете. И пцујте бре, лујѓе мои! Ма не по секој втор, трет или четврти збор, ами опцујте по секој полузбор! Обчно со пцост иде и навреда? Да, се разбира, и то најмногу по заслуга.

Во последно време и ја, лично и персонално дедо Громче се фајќам себеси како пцујам. Ќе опцујам, па се свестуам дека сум опцул. Сакам да речам дека пцуењето ми иди сè појќе некако спонтано. Додуша, не ми личи ко на дедо Громче, мислам не ми е соодветно на годиниве на пример пцоста со ѕвездичка на место на согласка „Да ти е*ам сè живо и диво!“, па засега или отеруам во мајчината или на тој што недајбоже ми излегол пред очи или поради некое негоо дејание ми паднал мрак на очи му наредуам да се гони со марш во бестрага.

Монологов ќе го завршам со пцост која сè појќе ја користам во последно време, а ми се чини ко полувулгарна: „Мамето ваше мамино во мајчината ви!“

Мислам дека веќе знајте оту ја ко ќе кажам кажано је. Секако је!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here