Потребно време за читање: 4 минути

25. Сите крадат кога лажат

Зраво-живо народецу мој,

Знам оту ти се сите преку глаа од крадејне и лажејне, ама никако да ти се манат али да ги маниш од глаа. Просто поради зато шо нема кој да ти ги мани, а сам очигледно и очевидно не мојш. Ја немаш сила, ја не знајш како, ја не мојш сам. Мене па, ко на дедо Громче, од дамна ми се не само преку глаа, ами и преку таквоото и преку Тасета и преку мојо до мојо! Сега ќе си зборам за ними не надеајќи се на ослободуање со зборвање односно нивно конечно ничкосуање наземи, отепуање, престануање. Просто поради зато шо на толкуа лажејне ем крадејне, на крадејне со лажејне, на лажејне по крадејне, на крадејне по лажејне, на лажејне за крадејне и на крадејне и наспоредно лажејне без усул нито имало досеа, нито можи да има во иднина до утреш.

Од сè шо ми се врти в умо за крадејнето и лажејнето, него најпојќе ми го тормози факато оту и едното и другото најпојќе, без усул го прај секој шо е на власт. Сакам да речам шо успеал да дојди на некое ниво на власт. То од една страна. Од друга, никако не ми влегуа в умо како то уште да има за крадејне и да има уште некој за лажејне во толкуа испокрадена и исполажана и испрелажана државичка ко оваа, шо веќе ич не личи на државичка. То од две страни, а од трета просто му се чудам на меѓународнио фактор, поготово на стратешкио, да, да, мислам на Американа, како то ич да не се сакалдисуа поради то и да не го пресечи во корен буквално и од збор до збор, шо се вели преку ноќ али преку ден. Одвреме-навреме слушам некој како се осмелуа да кажи оту стратешкио партнер сè си знај и се си толерира оту така му чини и оту самио си научил така да владеј во себе, со себе и со свето, ама осмелуањето брзо-брзо му мини. Замолчуа али го замолчуаат, богами можи и за стално.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Нема да се враќам назад, како беше вчера, нито како е од вчера до денеска, ами само ќе се констатирам во односо на факато оту е несомнено, непобитно и очебијно колкуа оваа власт лажи и кради, ко никоја од сите досегашни. Некоош дури ми иди да пукнам од смеејне и плачејне само ко ќе помислам шо сè досега излажа и сега лажи и шо сè досега искраде и не престануа да кради. Стално просто само за себе ем само по себе ми се наметнуа нешто шо досега никој не го констатирал: сите крадат кога лажат! Да де, баш то ми се констатируа за од најмало до најголемо во актуелнава власт.

Ај да ја земиме работава обратно: сите лажат кога крадат. То не ми е баш најпрецизно. Некому можи да му дојди в умо оту има некој шо ни кради ни лажи, нито нема никој шо лажи ама не кради али шо кради ама не лажи. Зато мислам оту треба да се кажи најочигледно ем најочебијно вака: сите лажат зато шо нема никој во власта шо не кради. Од најмало до најголемо. Заошто е ова кажано, најпрецизно, најочигледно ем  најочебијно? Просто поради зато шо од ваквиите на власт не можи друго да биди и да се очекуа. Таквии ги напрајле нивните ближни, татичињата им и мамичињата им преди сè и нади сè, па после сами се допрајле за да праат владеејќи ко шо праат: да крадат кога лажат.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Ја не знам, ама сè си мислам оту кажаново од мене е мошне оригинално и многу паметно ем мудро. Досега не сум го прочитал нигде, а и не сум го чул од некој шо толкуа длабоко и површно мисли ко ја, ко дедо Громче. Дури помислуам оту ќе ме цитираат со него ко ептен мудар и паметен дедо дур сум жив, а погодово отко ќе умрам.

Ама не го остаам само ко такво! Морам да си го докажам за некој да не се најди во некоја дилема шо се вели. А и убеден сум оту заслужуа да го докажам.

Ти, народецу мој, дамна си рекол отко си живејал во време ко вакво и шо ко никакво го живејш од дамна: Кој лажи, тој и кради. Прибидејќи во ваквоо твое време имало понекој во власта, понекој близу до неа и понекој далеку од неа кој не лажел, шо значи и не крадел. Кажаново од тебе, пак, е ко предупредуање оту чоек кому му се можи да лажи не треба да лажи, али да не лажи баш секоаш привидејќи кога-тогаш гарант ќе почни и да кради. Секако си можел да го кажиш и обратното-кој кради, тој и лажи, ама да си го кажел не би било то то и би било не баш најпогодено. Демек, секој шо кради гарант и секоаш лажи. Има и друго: заошто на тој шо кради му треба и да лажи? Ич не му треба да лажи! Можи и да се претпостај оту се изналажал преди да почни да кради. Има уште едно друго: почнал којзнае кога да кради, можи ко веќе не му требало да лажи, али се уморил, али му прекипело од лажејне, па продоложил да кради, а престанал да лажи.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 53

Ја, лујѓе, си стојам на кажаново паметно и мудро од мене еве заошто:

Нема кој не кради кога лажи, а то значи оту секој и кради и лажи во исто време. Нормално, мислам на оние на власт, на оние близу до власта и на оние подалеку од неа ама со неа. Можи да се однесуа и на секој крадец, од ситен до крупен. Никој не кради кога не лажи прибидејќи е чесен и поштен  (а бе, то не му је исто, а одозгора на тоа второво е ко србизам?). Шо ќе речи си е чоек на место, па има сè шо му требит и сè шо има му је доста.

Сите крадат кога лажат оту кога не крадат не лажат прибидејќи крадејнето им е само кога лажат. Али така некако. Да бидам докрај јасно доречен за да нема кој да ме одречи: крадејнето е право пропорционално обусловено од лажејнето. Уште поконкретно кога е власта во прашајне: сите лажат кога власта кради и сите крадат кога има кого сите да го лажат.

На крајо од моево монологизирајне да се илустрирам:

Сите крадат кога лажат оту има толкуа шо можи уште да се кради. Да де, и народ и негоа држава. Шо ќе речи оту сите ќе престанат да крадат кога не ќе има никој шо ќе можи да се излажи.

Ја мислам оту треба секоаш да се повторуам на крајо, и на овој:

Шо ќе кажи дедо Громче, кажано је!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here