Потребно време за читање: < 1 минута

78. Лутина, гнев, раскин

Се разбира дека, како и секој друг, и јас во детството, младоста, зрелото доба, па и во годиниве на старост сум доживеал и преживеал многу лоши, мачни, тешки, болни и горчливи моменти. Некои во нешто или за нешто дури пресвртни. Разбирливо, многу се незаборавни, многу не сакам ни да ги спомнам, а не се малку ни оние што со причина ги молчам, не дозволувам да излезат од мене.

Признавам дека од лошите, мачните, тешките, болните и горчливите моменти со причина молчам и никогаш нема да дозволам да излезат од мене некои што се поврзани со најближни. Поточно ги предизвикале тие предизвикувајќи, сеедно свесно или несвесно, намерно или ненамерно сосем да се оддалечам од нив, да прекинам секакви врски со нив, да не постојам за нив.

Последно среќавање, лутина, гнев, раскин и на замин мои последни решителни зборови:

„Од овој момент јас сум мртов за вас!“

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

За нив мртов, а сѐ уште жив. Тие уште живи? Не знам и не сакам да знам.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here