Потребно време за читање: < 1 минута

47. Јас книжевник и Јас обичен смртник
не го прифаќа поетското живуркање,
па и кога поетот живурка

Живурка еден поет и не се откажува од пишување песни, од создавање своја поетика:

-секојдневноста му е преполна со ритуали и стереотипи од некнижевен вид; кои не му значат ама баш ништо, освен задлабочувањето во себе и пишувањето песна или песни;

-случајните или намерните средби со познајници и пријатели му се за да земе здив, да послуша размислувања и ставови за актуелни собитија колку да биде и остане современик; ги одбегнува или ги сведува на нужност со оние од книжевната фела зашто го беспокојат, можат да му го загрозат личното достоинство со својата суетност; некогаш му се здодевни и залудни;

-кога сака да биде сам е сам, а не дозволува никој со било што, со збор ли, со молк ли да му ја наруши самотноста;

-нема илузии дека неговата егзистенцијална состојба ќе ја подобри со помош на други, а се има помирено со неможноста сам да си помогне; без оглед што таа воопшто не му е благопријатна, дури му е загрижувачка и загрозувачка;

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

-објавувањето песни никогаш не му се исплатило, па го прифаќа тоа неволно; поначесто одбива такви предлози или понуди;

-воопшто не го засега дека негова објавена поезија можеби никој нема да ја прочита; исто така и нејзиното премолчување односно невреднување од страна на книжевната критика;

-нема, ниту бара какво било признание за својата поетика, за своето творештво; напросто му е смешно, па и глупаво бранењето на општествен статус стекнат, постигнат на каков било, најчесто некнижевен начин; оние од книжевната фела што се на значајни, влијателни функции и позиции благодарение на објавените дела ги смета за маргиналци, медиокритети, кои воопшто не заслужуваат негова почит и внимание.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here