Потребно време за читање: < 1 минута

55. Објава на роман во продолженија (на Интернет и/или социјална мрежа)

Првичните лични искуства за објавата на роман во продолженија на Интернет (на веб сајт или на социјална) ми наметнаа некои „правила“ кои не претендирам да бидат општоприфатени:

-романот е претходно целосно напишан, но не мора-може да се пишува напоредно со објавувањето на деловите односно продолженијата (можност и за содржински и секакви други сугестии од читателите);

-неговите продолженија односно поглавја треба да се објавуваат (и пишуваат) секојдневно, еднаш неделно (во кој било ден) или во утврдени периоди;

-должината на секој дел односно поглавје е ограничена-не би требало да биде подолго од 10 страници (Times New Roman-12);

-деловите односно поглавјата се поврзани, но едновремено со некои елементи треба да се и самостојни, да бидат целости (не мора, но може со потсетување на содржината на претходни во две-три реченици).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here