Последни написи

All

Историја на пивото

Не може со сигурност да се каже кога точно започнало производството на пиво. Најстарите докази за пиварство се од пред 6.000 години, а им се припишуваат на старите Сумерци, народ кој живеел на просторот помеѓу Еуфрат и Тигар, на југот на Месопотамија. Сумерците ферментациските процеси ги откриле сосема случајно. Никој денес не знае како тоа точно се случило, но можното сценарио би било дека некој фрлил парче леб кое потоа се смекнало, по кусо време ферментирало и се претворило во...

Популарност, афирмација-авторитет

Равенство помеѓу популарноста и афирмацијата? Да, ама сепак не. Не ќе е баш исто. Исто е во третото, поточно двете се зависни од стекнатиот, изградениот авторитет. Дури обратно, благодарение на заедничкиот „именител“, двете добиваат сосема поинаква сушност, содржина, димензија. Имено, популарноста и афирмацијата имаат многу поголема „специфична тежина“ ако се потпираат на авторитетот, а не, на пример, на временски исечок, миниливост, настан, случување односно дејствие. Популарноста најчесто се врзува за естрадноста или појавноста, со или без повод сеедно. Неретко, таа не...

Зороастрејците и Кулите на тишината

Зороастрејците се следбеници на религијата наречена според нејзиниот основач, пророкот Заратустра (Зороастер). Нивната традиција досегнува длабоко во минатото, до почетокот на пишаната историја на Иран, каде што зороастризмот долго бил официјална религија. Меѓутоа, денес вкупниот број на зороастрејци во светот одвај надминува 100.000, од кои најголемиот дел од нив живеат во Индија и Иран. По исламското освојување на Персија оние што и останале верни на старата религија претставувале малцинство, често прогонето, чија бројност непрестано опаѓала во текот на 13...

Последно создадено од Љупчо

Последни написи

All

Политиката е (и) прагматика

Мал есеј за сушноста на политиката и политичкото. Постојат многу дефиниции на политиката, а енциклопедиска е онаа што вели дека политиката претставува вештина на управување со државата или со друга општествена заедница, но и сите постапки на управување кои се изразуваат во организирани облици на општествена акција. Таа ги следи сите општествени односи во кои се инкорпорирани поединечните интереси, интересите на групи, класи, слоеви, а стануваат политички откако ќе станат дел од свесното, повеќе или помалку организирано заемно дејствување на...

Јадете црви и инсекти!

Необичен совет на еден американски научник по име Мајкл Баџет, експерт за инсекти. Тој тврди дека, ако луѓето не беа толку пребирливи и постојано ги игнорираат црвливите јаболка, црешите, морковите и сѐ друго црвливо, фармерите-земјоделците никогаш не би го прскале овошјето и зеленчукот со толкаво количество на пестициди. Препорачува со сласт да јадеме црви и инсекти: термити, лебарки, пчели. Тие се нешто најздраво што може да се најде на нашава загадена планета! Мајкл Баџет тврди дека, освен тоа што не...

Човекот на Европа

Карл Рајмонд Попер (1902-1994) е познат филозоф со светско реноме. Бил професор на Универзитетот во Лондон, член на Кралското друштво, на Францускиот институт и на многу други научни академии. Спаѓа во најзначајните филозофи на 20. век. Неговиот критички рационализам и концепцијата на „отворено општество" пресудно влијаеле врз филозофијата, економските и општествените науки и политиката на западниот свет. Неговата теорија за „три света" решавачки придонела за проблемот тело/душа, односно заемното дејство помеѓу физичките промени и психичките процеси. Главни дела: „Логика на...

VOX POPULI - гласот на народот

All

Да се ставиш во бафт-тафт

Избор на помалку познати зборови од македонскиот народен говор, најмногу турцизми, некои од нив можеби првпат прочитани-слушнати од вас. За потоа да си порачаме...

Ќе му плати коа ќе се вати гламна во градина. Али:...

Си бил еден терзија многу борчлија. Во сабота ич не седел в дуќан (чунки у нас во сабота се праи пазар и тогај одат...

Самовила – невеста

Самовила - невеста Samovila - nevesta
Имаше еден чоек, кога се роди, нему му задумаја наречниците жена. Једна му вика: „Оваја ќе бидит!“ Друга вели: „Онаја ќе бидит!“ А задната...

СОЗНАНИЈА

ЕКО - ТЕХНО

УМЕТНОСТ И ЖИВОТ

ЗАБАВА

ЗДРАВЈЕ

ПОЕНТAР | Блог со ставои на Љупчо Димитровски