Потребно време за читање: 2 минути

Иако не беше една од одредниците („бенчмарковите“) што земјава требаше да ги исполни или во чии „рамки“ требаше да се постигне виден напредок, развојот на нејзините добрососедски односи- добрите односи со соседните држави се „подразбираше“.

Токму проблемот на Република Грција со името на Република Македонија во последниот извештај на ЕК е „посредно“ забележан како „недобрососедски“. Не во негативна смисла , туку како „билатерален проблем“ за чие решавање се дава „силен поттик“. Македонската опозиција и нејзиниуте медиуми исто така „силно го поттикнаа“ решавањето на проблемот (дури и со закани дека, доколку Советот на Европа на состанокот на 7- ми и 8- ми декември не утврди датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, поради тоа „во земјава сешто ќе се случува“). Притоа „подзаборавајќи“ дека односите со Грција, особено на економски план, се извонредни, а проблемот ги „залади“ само политичките.

Доказ за „добрососедството“ на Република Македонија е непречениот развој на односите со Косово. Без оглед што според многумина тие би требало да добијат на интензитет. Се разбира дека така и ќе биде во наредниот период, по скорешното отворање на амбасади во двете земји.

Прочитај и за ... >>  ЕУ и (не)слободното медиумско слепило

Шефот на косовската дипломатија Скендер Хисени престојуваше во прва официјална посета на Република Македонија. Тој имаше разговори со својот домаќин, македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, потпретседателот на Собранието Рафиз Алити и со пратеничките групи на ДУИ и Нова Демократија. Најавено е дека најмногу за три месеци ќе бидат отворени амбасади во Приштина и Скопје.

„Очекувам дека во скоро време Владата на Република Македонија ќе може прво да донесе одлука за подигање на нивото на канцеларијата на врски во амбасада и после тоа да следуваат консултациите со сите релевантни, вклучувајќи го Претседателот на државата, за да можеме да одиме со номинација за првиот македонски амбасадор во Приштина“, изјави Милошоски.

Заедничка е оценката дека односите помеѓу двете земји се развиваат непречено, што придонесува и за стабилноста и економскиот развој на регионот. Потенцирани се затворањето на прашањето на демаркација на границата, воспоставувањето на дипломатски односи, но има се уште „широко поле“ на заедничко работење: на ратификација на двете држави чекаат десетина билатерални договори соседни држави, меѓу кои и договорот за избегнување на двојно оданочување, соработка во областа на енергетиката, полицијата, одбраната, а треба да се разговара и за пациентите и студентите од Косово кои имаат недефиниран престој во Македонија, како и за враќање на околу 1.800 косовски бегалци.

Прочитај и за ... >>  Благодатите од зачленувањето во ЕУ: Бугарија со поголем извоз од увоз

Оценка на шефот на косовската дипломатија Хисени:

„Ја поздравувам Комисијата за демаркација на граничниот премин. Ако некое семејство е оштетено, тоа е сепак прашање на добро решение. Како и да е, ќе се преземат санкции за решавање на тоа. Сепак, дојдено е до добро решение со овој вид на демаркација“.

Договорено е Македонија да и помага со искуства на Косово во евроинтегративните процеси, а за почеток Приштина ќе ги користи искуствата во преговорите со ЕУ за добивање на визна либерализација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here