47. За моите романи
„Го следам пишувањето и објавувањето на Твоите два романа-поетскиот „Монолози и дијалози на беспримерна непорочна љубов“ и „Колумнист што мисли гласно за живот и животни приклученија (Поенти)“.
Само велам: за восхит, врвни, мајсторско раскажување.
Што се случува со другите, 12, веќе напишани и објавени на Интернет?“
Одговарам:
Благодарам на оценките-пофалбите.
Како со сите мои други прозни, поетски, сатирични и мислечки дела, завршени и во создавање-засега вкупно 110, и со нив не се случува ништо, ниту ќе се случи во „догледно време“. Може да се (про)читаат на сајтот https://panoptikum.mk/, и тоа поглавје по поглавје, расказ по расказ, песна по песна, проблесоци во мислата….
Уште 12-те романи (значи вкупно 14):
1) Лавиринт од слики;
2) Марија и Јасен;
3) Марија и Јасен во далечна близост;
4) Жар и пепел во огниште;
5) Прокоба одродничка;
6) Самобитната сенка и Љуба;
7) Штом заодев, секако ќе доодам;
8) Сонцева крв за љубови и доблести;
9) Буле и Куле мамкини и таткини;
10) Биографија-Белешки;
11) Меѓу молк и тишина;
12) Срцевини на самотни сопатници