Home ЗАБАВА Бизар Чиј е „денешниов” 8- ми март: на жената или на мажот?!

Чиј е „денешниов” 8- ми март: на жената или на мажот?!

406
0
8ми март - денот на жената 8mi mart denot na zenata
Потребно време за читање: 3 минути

Порано жаната му припаѓаше на „послаб”, а мажот на „посилен” пол. Тоа и беше некаква „основа” за многу утврдени традиционални, но и „рамноправни”  релации. 

Се разбира, во многу недемократски и недоволно демократски земји на светот и денес е така- тоа се потврдува пред се со селективност во меѓусебните односи (па и сексуалните), во извршувањето на секојдневните семејни обврски, на работа односно во бизнисот, во секојдневјето на мажот и жената воопошто.

Полова еднаквост ?

Денес жената, со право, во најголем број (освен кај некои се уште „немодерни” или “недоволно модерни” земји и народи) жената му припаѓа на „понежниот”, а мажот на „погрубиот” пол (без оглед што неретко, во „дадени” ситуации, мажите знаат да бидат и се понежни од жените; хомосексуалците и лезбијките се сосема друга „приказна”- кај нив 8- ми март ептен „не оди”).За какви права денес се бори жената во развиениот демократски свет? Кој за нив се бори во неразвиениот? Не е ли потценување, иронизирање- исмејување тоа што нивната борба се „наградува” со цвеќе (само на тој ден), подарок (исто така), љубезност (ептен!), почит (посебна?) и сл.?

Меѓународниот ден на жената се одбележува (не се прославува!) традиционално повеќе од 100 години, но во нашево време го изгуби обележјето на организирана борба за рамноправност на жените и мажите. Макар што на тој план има уште многу нешта токму за организирана, а не за неорганизирана односнио индивидуална борба:Жените и натаму заработуваат помалку од мажите и потешко доаѓаат до раководни места.

Статистиката сведочи дека, на пример, во Европа процентот на жени во управните одбори на корпорациите, на високите позиции во владите и академиите, е едноцифрен. Додека во САД на 5 корпорациски челни луѓе доаѓа една, во Европа односот на бројот на жените и мажите во управните одбори е една наспрема 20- мина мажи. Ситуацијата е нешто подобра во науката: на 10- мина универзитетски професори во Европа е една жена професор, додека во САД околу 20% професори на универзитетите се жени.

Кој заработува повеќе: мажите или жените ?

Истовремено, само во ЕУ мажите во просек заработуваат 15% повеќе од жените. Потсетување на демонстрациите во Чикаго во 1909- та година: Меѓународниот ден на жената е востановен на Втората меѓународна конференција на жените социјалистки на 8- ми март 1910 во Копенхаген, на инцијатива на револуционерката Клара Цеткин, а во знак на сеќавање на демонстрациите на американските жени во Чикаго, на 8- ми март 1909- та. Врз основа на одлуката од Копенхаген, во 1911- та за првпат е одбележан (не прославен!) во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На тој ден повеќе од милион жени и мажи присуствувале на собири на кои е барано, освен правото жените да гласаат и да заземаат јавни позиции, и право на работа, стручно образование и окончување на дискриминацијата на работа. (Внимавајте, учествувале и мажите! Оттука и прашањето во насловот на овој прилог.)Пред почетокот на Првата светска војна, во 1913- та година, жените во Русија за првпат организирано го одбележале 8- ми март, и тоа во последната недела на февруари, како што од самиот почеток на 20- от век тоа го правеле жените во Америка.

Токму по повод Денот на жената Ватикан излезе со еден бизарен текст, во кој се посочува ставот на „некои” дека машината за перење на алишта имала поголемо влијание за ослободување на жената отколку контрацептивната пилула.„Што во 20- от век најмногу придонесе за еманципацијата на западните жени? Дебатата е се уште отворена. Некои велат дека тоа била контрацептивната пилула, некои либерализацијата на абортусот, а некои можноста за работа надвор од домот. Некои одат и понатаму од тоа, па велат дека тоа била машината за перење на алишта”, објави во уводникот ватиканскиот службен весник „L’Osservatore Romano”.Во текстот, во кој се наведува дека првите примероци на машината се појавиле уште во 1767- ма година, се наведуваат и зборовите на покојната американска феминистка Бети Фридман, која во 1963- та ја опишала „сублимната мистичност која допушта менување на чаршавот двапати, а не еднаш неделно”.Уводникот на ватиканското гласило го критикуваше италијанската застапничка Паола Кончија, која изјави дека би било подобро „L’Osservatore Romano да се занимава со стварноста во која во страв живеат многу жени во своите домови или на улица”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here