Потребно време за читање: 4 минути

Овој прилог е објавен во октомври 2012. година, но не изгубил ни јота од својата актуелност. Напротив!

До целокупното знаење со само неколку кликови со глувче-тоа беше визијата на слободниот и достапен Интернет. Но, сѐ почесто на Интернет може да се наиде на забрани и цензури. Блокади поставуваат речиси сите држави на светот.

„Да, Интернет е загозен!“, вели Волфганг Клајнвехтер, професор за политика и регулација на Интернет на Универзитетот Архус.

Винстон Г. Церф, еден од татковците на Интернет, коментира уште подраматично: „Слободниот Интернет денес е толку силно нападнат како никогаш порано. Се забрефтува меѓународен судир-кој ќе ја одреди иднината на Интернетот“.

Сите цензурираат

Цензурата и контролата им се закануваат на слободните, отворените и глобалните мрежи. А нивните оружја се различни: некои содржини или цели страници можат да бидат блокирани, а врските ослабени за страниците само полека или воопшто да не можат да се отворат. Корисниците мораат да ги регистрираат своите IP-адреси под името, додека властите создаваат паралелни мрежи со сопстени понуди на јазикот, за корисниците да не се стремат кон западните веб-страници

„Најголем ризик е тн. безграничен Интернет да се доведе назад, во границите што ги познаваме од дваесеттиот век“, вели Клајнвехтер. Интернет се ренационализира: од Интернет настанува Интранет. Кина со својот Интранет „Great Firewall“ и Иран со својот „Halal-Net“ се предводници на таквиот нов тренд.

Само четири влади во 2002. ја цензурираа мрежата: во меѓувреме тоа сега го прават повеќе од 40, велат активистите. Токму во последно време се собираат извештаи од Азија: откога во Индија избија верски судири, власта ги блокира Интернет страниците и корисничките сметки на социјалните мрежи за да го спречи ширењето на гласините. Виетнамското водство изведе блогери пред суд, додека во Кореја беа блокирани профилите на критичарите на владата на социјалните мрежи.

Прочитај и за ... >>  Анимати - роботи - вештачка интелигенција

Но и во африканска Етиопија, во која одвај еден насто население има пристап на Интернет, се филтрираат Интернет-страниците, се блокираат врските и се надгледуваат e-мејловите. Причина е „националната безбедност“, со вели со дипломатски јазик.

Држави на столбот на срамот

Според наводите на организацијата „Репортери без ганици“, 29-мина Интернет активисти и граѓани-ноинари се убиени годинава во светот. 127-мина се моментно в затвор. Всушност, сето тоа е кршење на директивата на Обединетите нации кои уште во пролетта одлучија: човечките права важат на улица исто како и на Интернет.

„Тоа е мошне битно тврдење“, вели Клајнвехтер, „зашто низ него постојат сосема поинакви инструменти за критикување на земјите кои велат дека поради националната безбедност мораат да воведуваат ограничувања на Интернет“. Сепак, вистински санкции нема, единствено срамот пред светската јавност. Тоа не е решение, но покажува ефект, вели Клајнвехтер.

Западот често ја китикуваше цензурата во Кина или Иран, иако исто така нема чиста совест. „Во светот постојат само неколку држави кои не спроведуваат цензура“, вели Џермејн Брукс, независен претседател на Глобалната мрежна иницијатива (GNI).

„Кога тоа ќе го направат демократски земји, тоа е одлука врз основа на грижлива расправа во кои подрачја треба да бидат цензурирани штетните содржини“.

Прочитај и за ... >>  Технофеномен: компјутерско глувче

Најдобар пример е актуелната расправа во врска со филмот за Мохамед кој моментно кружи на вебот и поттикнува илјадници муслимани ширум светот на гневни протести во кои најпосле има и повредени и мртви.

Шведска со цензура ја штити демократијата

Шведска е пример кога е збор за инфраструктурата за Интернет: околу 90 насто домаќинства имаат пристап до брзиот Интернет. Власта нуди голем број услуги онлајн-за што повеќемина граѓани да можат да учествуваат.

Таа земја е на врвот на „веб-индексот“, со кој се мери распространетоста и важноста на Интернет во 61 земја, а првпат е претставен годинава. Но, и Шведска блокира некои страници: на пример, оние со детска порнографија кои се внесуваат на „црна листа“. Така се спречува пристап на таа содржина. Во начело е тоа чесна цел, но Интернет-активистите критикуваат дека таквите листи не се доволно транспарентни.

Натаму, критики доаѓаат од страна на одговорни лица за заштита на податоците: поради чување на меморирани телекомуникациони податоци. Тоа уште пролетоска го воведоа Шведска, како и останатите членки на Европската унија. Корисничките податоци сега се складираат 6 месеци и можат дополнително да се пронајдат.

„Но, шведскиот систем не е така лош како системот во една недемократска земја“, вели Франк Белфраге, шведски заменик министер за надворешни работи. „Таквиот режим, кој граѓаните ги следи со помош на Интернет, го прави тоа поради заштита на антидемократското општество-а тоа е во целосна спротивност на она што ние го правиме“.

Прочитај и за ... >>  Дирижабл- Цепелин

Западна вина

За многу западни компании тргувањето со технологии е профитабилна работа: тие им продаваат на авторитарни режими ширум светот опрема за шпионирање на компјутери и Интернет. „Токму западните влади не ја ограничуваат таквата трговија. Тие не велат кои технологии смеат да се извезуваат-тоа е голем проблем“, критикува Ерик Кинг од Privacy Inernational, невладина организација која ги следи извозните патишта на софтвери за следење.Неговиот колега, кој сака да остане анонимен, раскажува за иранските активисти: нивните компјутери се хакираат, податоците и се доставуваат на Владата-со помош на програма која е развиена во Германија, а ја продава британска фирма. Тие бараат забрана на извозот-но политиката се колеба: идеалот ја пресретнува реалната политика. „Важно е да се почне расправа која ќе доведе до какви било резултати“, вели Влфганг Клајнвехтер.

Има и добри вести: во Кина, на пример, околу 10 насто корисници пронаоѓаат заобиколни патишта за слободни информации, како што се прокси-сервисите или шифрираните мрежи. Често притоа се користат TOR-мрежите, кои им овозможуваат на корисниците да останат анонимни на мрежата. Тоа додуша нема да донесе никаква брза промена, мисли Џермејн Брукс од GNI.

Но: „Пред се, кога на таквите земји ќе им се понудат примерени закони и ќе им се објасни дека тоа позитивно ќе се одрази на нивното стопанство, се нуди можност мрежата да се развие во вистинска насока“.

Бесплатно, отворено и глобално достапно-како што Интернет е изворно и создаден

(Извор: Deutsche Welle; преземено и преведено на македонски од http://www.b92.net)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here