Потребно време за читање: < 1 минута

22. Зрак светлина

Негов зрак светлина исполнет со топлина,
во која живее надеж прва до последна,
допира убост надвор од кругот
на вкоренетото човечко постоење.

Негов зрак светлина постојан, неугаслив,
зароден во ново срце со ритам кој
навестува нова животворност до смрт
меѓу длабоки траги, коски без срж,
неодгатливо писмо и паметење.

Негов зрак светлина која треба мигум
да разбрани тишина неизмерно длабока
која се заканува со голем пустошен студ
што ќе ја наруши рамнотежата
на природниот опстанок.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here