Потребно време за читање: 5 минути

123. Скромност

Не е на показ и доказ лажната скромност. Таа тоа не го заслужува. Ѝ подаруваме внимание на скромноста како лична карактерна особина, но не врзана за големината или дребноста, за прилагодбата или (не)потребноста.

Пред нас и со нас е скромноста која не бара да ја забележиме, а најмалку, пак, да ја истакнуваме. Онаа што им прилега на величините.

Македонски народни пословици и изреки

Пружи си ги нозете колку што ти е долга чергата.

Доста е поарно и од многу и од малу.

Човек треба да прави само што може и колку може.

Голем надуенко ет.

Многу е напернат.

Пословици и изреки од народи на светот

Мала куќа, голема мир. (Кинеска)

Како што водата не останува на висините, така добрината и мудроста не се меѓу наперчените. (Персиска)

Кој има малку, зборува: Што да правам со нив, а оној што има многу, зборува: Господе, дај ми уште. (Арапска)

Латински изреки

Non omnia possumus omnes. (Не можеме сите сè.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Само оној што не се воздржува од мало, има право на поголемо.
Библија

Ако твојата скромност никој не ја забележува, значи-таа не постои и нема цел.
Литературнаја газета

Скромноста и совесноста се наградуваат само во романите. Во животот најнапред се искористуваат, а потоа се отфрлаат.
Анонимус

Рекле, издумале

Кога на одреден начин оставате впечаток на успешен човек, тоа може да разгневи и магаре.
Албер Ками   

Оној што е задоволен со ништо, има сè што му треба.
Николас Боало

Скромниот човек е секогаш ведар, додека во срцето на наперчениот често владее завист и гнев.
Томас а Кемпис

Не се фали со скромноста, зашто таа малку се забележува, како и мравката.
Абдурахман Џами

Сите големи се скромни.
Готолд Ефрем Лесинг

Скромноста им прилега на величините. Тешко е да се биде скромен ако си никој и ништо.
Жил Ренар

Не е доволно да се биде скромен; за тоа треба да се има причина.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Единствена добродетел со која човек не може да се пофали е скромноста. Кога би се пофалил со неа, повеќе не би бил скромен.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Лагата ретко кога е скромна. Плевелот расте бујно.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Ништо така прекрасно не ни одговара како скромноста на други.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Во човекот не е ништо покревко од неговата скромност и добронамерност.
Георг Кристоф Лихтенберг

Скромноста би морала да биде добродетел на оние што други добродетелства немаат.
Георг Кристоф Лихтенберг

Покажи се, ама не се перчи како паун.
Свами Хамсанада

Со големи заслуги, а со уште поголема скромност човек може долго да остане непознат.
Мишел Ејкем д Монтењ

Само оној што не се плаши од мало, има право на поголемо.
Христос

Добро упатуваат оние што опоменуваат дека, доколку сме поугледни, треба да се однесуваме посмерно.
Марко Тулиј Цицерон

Не е сиромашен за нешто оној што тоа не го сака.
Марко Тулиј Цицерон

Човек кој не му се клања никому не може да го поднесе товарот на самиот себеси.
Фјодор Михајлович Достоевски

Како може човек да се жали оти го газат, ако се сторил црв?
Имануел Кант

Скромноста е добродетел на млитавкото.
Жан-Пол Сартр

Купив леб и добив црвени рози, Колку сум среќен што обете ги држам во своите раце!
Китара Хекушу

Мене малку ми треба: парче сув леб, чаша бистра вода, љубов, слобода.
Мита Поповиќ

Скромноста е единствен сјај кој можеме да ѝ го додадеме на славата.
Жозеф Дукло

Во човека нема ништо покршливо од неговата скромност и добронамерност.
Фридрих Шилер

Колку помалку имаме потреби, толку помалку ни се заканува немаштија.
Лав Толстој

Треба да знаеш дека освен задоволство постојат среќа и мир на други луѓе.
Лав Толстој

Скромните луѓе кај нас се ретки; а за нив сите имаме некое малку тажно, малку потсмешливо почитување.
Иво Андриќ

Ако е некој премногу скромен и не се осмелува да го каже она што го мисли, мора да падне во противречност со самиот себеси.
Платон

Најлоша е онаа надменост што се вознесува со лажна скромност.
Марко Аврелиј

Кој бара одликување, не го заслужил, а ако го заслужил нему не му е потребно.
Оноре де Балзак

Мудрецот ги избегнува крајностите, раскошот и прекумерноста.
Лао Це

Подобра е чесната скромност, одошто срамотната благосостојба.
Лао Це

Како што ветерот не ја сотира цврстата стена, така ни паметните луѓе не се колебаат пред покуда или пофалба.
Гаутама Буда

Талентот го дава Бог. Бидете скромни. Славата ви ја даваат луѓето. Бидете благодарни. Измамата си ја давате самите на себеси. Бидете внимателни.
Џон Вуден

Да не се правиме попаметни од сите, тоа е знак на варварство.
Доситеј Обрадовиќ

Ако сакаш за тебе да се мисли добро, немој за себе добро да зборуваш.
Блез Паскал

Скромниот човек може да добие сè, а надмениот сè да изгуби; зашто скромноста секогаш наидува на великодушност, а надменоста на завист.
Антоан де Риварол

Сè зависи од околината. Сонцето во светлиот небески предел има за себе многу поскромно мислење одошто свеќата која гори во визба.
Оскар Фингал Вајлд

Да бидеме поскромни по делото, одошто меѓу неговото творење.
Вилијам Шекспир

Крилјата се само залет и навистина ништо повеќе. Ползењето е најсигурен начин на доскок.
Мирослав Мика Антиќ

Што сум ако се споредам со вселената?
Лудвиг ван Бетовен

Најсигурен начин да не станеш мошне несреќен е тој да не бараш да бидеш многу среќен.
Артур Шопенхауер

Скромноста кај луѓето кои имаат ограничени можности е ретко искрена, а е лицемерна кај оние кои поседуваат голем талент.
Артур Шопенхауер

Драга, ѝ велам, таму надвор луѓето сега берат домати, грашок, дури и памук; луѓе и жени умираат под сонцето. Луѓе и жени умираат по фабрики за ништо, за некој ситниш…Го слушам звукот на човечките животи раздерени на парчиња. Ти не знаеш колку среќа имаме.
Чарлс Буковски

Да се претера е исто така лошо како да не се направи доволно.
Конфучиј

Кога ќе видиш дека млад човек се стреми кон небото, фати го за нога и симни го на земја.
Меша Селимовиќ

Силникот пропаѓа поради силата, алчниот поради пари, покорниот пропаѓа служејќи, а оној што бара наслада пропаѓа поради сласт.
Херман Хесе

Без оглед на сè, мораме да бидеме скромни зашто јас се придржувам на она „Кој високо лета, ниско паѓа“.
Славко Голужа

Без оглед на тоа што велат дека скромноста е добродетел на глупавите луѓе, не се согласувам со тоа. Скромноста е добродетел на добрите луѓе.
Тоше Проески

Кога навистина почнав да се сакам себеси, престанав да сакам да сум секогаш во право, така помалку грешев. Денес сфатив дека тоа се вика скромност.
Чарли Чаплин

Кога ќе дојдеш до врвот, треба да се одмориш.
Пабло Пикасо

Лажната скромност не влева многу доверба.
Пјер Корнеј

Љубовта е најсилна сила која светот на себеси може да си ја претстави, а истовремено и најскромна.
Махатма Канди

Луѓето измислиле многу необични добродетелства, но најнеобична е скромноста. Ништото мисли дека станува нешто ако признае: јас сум ништо!
Фридрих Хебел

Никој што ќе се одлучи на правење големи и тешки работи не може на себеси да си приопшти да биде скромен.
Орсон Велс

Скромноста би морала да биде добродетел на оние кои немаат други добродетелства.
Абрахам Линколн

Способноста погодува трага кај што самоувереноста ја прелетува и скромноста паѓа ниско.
Голда Меир

Најлош е фактот дека живееме во загадена морална средина. Морално сме болни, зашто научивме да зборуваме едно, а да мислиме друго. Научивме да не веруваме во ништо, не забележувајќи се меѓусебно и грижејќи се само за себе. Поимите како љубов, пријателство, сочувствување, скромност и простување ја изгубија својата длабока смисла и на многумина од нас ништо не ни се освен обични психолошки категории, или, пак, ни се чинат како изгубени поздрави од дамнини, помалку смешни во времето на компјутерите и вселенските бродови.
Вацлав Хавел

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here