Потребно време за читање: < 1 минута

20. Живо дело

Дело на жив творец,
живо од раѓање,
е во жив свет,
е меѓу жива земја
и живо небо,
чиј опстанок зависи
исклучиво
од говорот, знаците
и писмото;
што ги содржи
смислата
на неговото гласење
во заруден молк.

Живиот творец
веќе многупати
му го менувал сонот
за бескрај
меѓу жива земја
и живо небо,
во кој како живо
од раѓање
никој не може
да го достаса.

Но го остави само
да се брани од наезди
на години и времиња
безгробни,
откако тоа го разгори
огнот
во кој се обиде
да го зароби довека.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here