Потребно време за читање: < 1 минута

33. Пулсирање на простор

Пулсира живиот простор
негов,
како срцето негово,
заедно со срцето нејзино.

Пулсира тој уште од мигот
кога тој го создаде
во совршен миг
на својот творечки неспокој
и мирнотија во ниедно доба;
кога го создаде за љубов
како смисла на животот
со неа во живо време.

Тоа пулсирање може
да се прикаже како бранување
или како лелеење на нивен,
заеднички хоризонт
со сончев зрак
што се доближува,
кон кого се доближуваат,
па се оддалечува,
од кого се оддалечуваат.

Откога го создаде
како срцето негово,
зедно со срцето нејзино,
во совршен миг
на својот творечки неспокој
и мирнотија во ниедно доба,
може тој да пулсира
меѓу стварен и заумен свет
со траги неизбришливи
на свои предци и потомци,
сè додека љубовта
како смисла на животот
со неа во живо време
е безгранична, самобитна,
е суштествена за трајноста
на постоењето
од искони до ден-денес.

Прочитај и за ... >>  ВО ЖИВ ПРОСТОР ЖИВО ВРЕМЕ, поетска инсталација, 54

А среде пулсирањето,
а среде бранувањето
или лелеењето на нивниот,
заедничкиот хоризонт
со сончев зрак,
јато птици големи и мали
долетани од којзнае кога
и од којзнае каде
им пеат песна
за раѓањето и смртта
на плодно семе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here