Потребно време за читање: < 1 минута

30. Таена љубов

Од кого, пред кого, со кого
молчи таена љубов
овој човек што одамна има
свој круг со последни сили
направен за залезни мигови?

Молчи таена љубов
во која овој човек знае само
дека нема и не може да има
ни семиња ни корени
меѓу
небо ведро и земја плодна,
ни трепет ни спокој
сосе вивнат оган
до кај што има согледливи
воздиви и издиви.

Молчи човеков таена љубов
зашто никој не знае
колку години самотни
раздувал ветрот негов
дребнав, минлив, а снажен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here