Потребно време за читање: < 1 минута

8. Меѓу корени светлина

Била некогаш, е и сега
светлина меѓу корени
во земја некогаш
плодородна,
во планини некогаш
скаменети здивови
и со расфрлани карпи
на нивните врвови
како екоти од молк
заробени.

Не, не е ненадејна,
и не, не е мигновена,
ниту е безизворна!

Оваа меѓу корени
светлина
е сончева од дамнина,
одново надојдена
по пробивање
на мрачни облаци
со незнајни
и непредвидливи
судбини.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here