Потребно време за читање: < 1 минута

3. Секидневни маски

Се собрале среде студен ден
секидневни маски кои ништо
не кажуваат ни покажуваат,
не докажуваат ни прекажуваат;
а најмалку од нив прикажуваат
состојби, собитија, согледби,
а најмалку од нив сокриваат
некакви расположби,
очекувани или ненадејни
совести сосе замислености.

За нив јас не наоѓам зборови
со кои би ги предизвикал
да заживеат, па да оживеат
може во затворени,
може во отворени простори
на стварност и илузии;
ниту за нив наоѓам знаци
што ќе ги следи секој жив
додека не стаса пред порта
на вистинољубив свет
со исти лица од раѓање.

А едни други маски
кои стануваат секидневи
исто така,
се на исти лица,
и секому знајни
и секому незнајни;
се силат со сите сили
да го соголат светот
за побрзо и полесно
да го завладеат,
та секој во него да е
сосем рамнодушен,
та секому во него
да му биде сеедно
дали стои во место или не,
дали е изменлив или не,
придвижлив ли е или не,
предвидлив ли е или не.

Прочитај и за ... >>  ВО ЖИВ ПРОСТОР ЖИВО ВРЕМЕ, поетска инсталација, 47

Секидневни маски
собрани среде студен ден
играат молкома своја игра
бесцелна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here