Потребно време за читање: < 1 минута

266. Живеј

Треба да доживееш некое невреме
по кое конечно ќе се најдеш себеси.

267. Некои дамна

Пред многу години ти и они заедно
бевте на почеток на нова авантура.

268. Прилагодба

Сакал ти или не сакал, се прилагодуваш
на траги на брег на брановит опстанок.

269. Неубаво

Неубавото уште не огрдело дотолку,
што да не издржува никој со него.

270. Чекаме

Близу се раните зори, а облачиштево
никако да се истури во ноќва бескрајна.