Потребно време за читање: < 1 минута

46. Урнатина по смрти

Крајпатна урнатина на крајот
на светот
се крепи сама во свое време,
се опира на секакви и никакви
надојдени невремиња.

Уше не дошол некој
силен или бессилен смртник,
може и последен мртовец
што како сите пред неа
ќе ја збрише за веќе да не е
на крајот на светот.

Камења големи и мали,
делкани и редени со голи раце
едни врз други, едни над други,
едни по други, едни во други
обѕидале живи коски
на предци и потомци
со неизбришливи,
со непокорни траги, знаци,
писмо и корени громовни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here