Потребно време за читање: < 1 минута

62. Тишина во празност

Прво ја открив празноста меѓу нас
и ја согледав како расте, се шири,
како освојува наше време најдено
во миг од живот на зборови
без значење, без меѓусебна смисла.

Се обидов да ѝ се спротивставам
продирајќи светлосно во неа,
несопирливо,
со наум да ја поделам макар
на два еднакви дела,
со намисла секоја помисла
за бег од стварноста
да не може никако да заживее
како безлична и безизворна
мрачнина.

Светлосно, стреловито продрев
па ненадејно се открив себеси
заробен, обѕидан, окован
од молк што снеможи љубов,
снеможи каква било разбирачка
од мене за тебе, од тебе за мене,
рамнодушна за каква било
промена на живот овоземен.

Најсетне  празноста што ја открив
меѓу нас
успеав во последен збор за тебе
да ја исполнам со тишина моја;
која е одамна камена и издивна,
која одамна нема време надежно,
која одамна нема време копнежливо,
која одамна на сè што суштествува
во оваа земја
не му дозволува ни да заживее,
камо ли да преживее миг
од живот со значење,
со меѓусебна смисла.

Прочитај и за ... >>  НЕИСПЕАНИ И НЕДОПЕАНИ ПЕСНИ, стихозбирка

Најсетне тишината сосе празноста
меѓу нас ја втемелив
во градите, во срцата, во мислите,
во доблеста
на корените на нашиот опстанок,
па конечно прифатив
да бидеме далечни, сè подалечни
од сончевина на наша
нова рана зора.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here