Потребно време за читање: < 1 минута

59. Верно

Верно е дека не преживува
корен од утро до полноќ,
ни во ниедно доба
без стебло до небеса
и плод со семе во срцето,
во сржта на постоењето.

Верно е дека молскавица
при предолго невреме
стрела во него
дека е корен вековит,
па навлегува
во неговата срцевина,
па го распалува,
па говжарува,
па го согорува,
па го пеплосува
не дочекувајќи нов ден,
не пречекувајќи почеток
на ново извишување
спокојно и жизнено.

Верно е дека корениов
верен на свое минато,
стамен во своја сегашност,
надежен за длабоко
коренување,
ќе ја издржи оваа атака
недобромислена
врз својот
непореклив идентитет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here